Европската централна банка денеска ќе ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени, што ќе биде седмо последователно покачување на каматите, прогнозираат експертите од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Со тоа, камата на депозитите би се зголемила од сегашните 3 на 3,25 проценти.
„Пазарите на капитал го вклучија ова зголемување на стапката во нивните очекувања, па секоја поинаква одлука би ги изненадила пазарите. По шестиот месец од минатата година, базичната инфлација во еврозоната го забележа првиот пад во однос на претходниот месец, што е минимално поместување, но позитивно за пазарите. Според последното истражување на ЕЦБ за банките поврзано со кредитирањето, има заострување на условите за кредитирање на компаниите кои сакаат да се задолжуваат, што е добар знак дека ЕЦБ ќе го намали зголемувањето на каматните стапки во наредниот период (според нашите очекувања, ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки само уште еднаш за 25 базични поени).“, велат нашите аналитичари.
Според нив, банкарскиот сектор во еврозоната е стабилен и соодветно капитализиран и затоа не очекуваат проблеми како кај регионалните банки во САД.
Прочитај повеќе

Кредитирањето во еврозоната забави повеќе од очекуваното
Според извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ), условите за кредитирање значително се заострени во првиот квартал.
02.05.2023

Базичната инфлација во еврозоната забави за првпат по 10 месеци
Се отвора вратата за ЕЦБ неделава да ја забави најагресивната кампања за зголемување на каматните стапки.
02.05.2023

ЕЦБ да внимава со зголемувањето на каматните стапки
Да се води сметка за влијанието на зголемените камати врз бизнисите и домаќинствата
30.04.2023

ЕЦБ конечно сфаќа дека алчноста за профит е главна причина за инфлацијата
Членовите на одборот на ЕЦБ неодамна ги апострофираа високите профити на компаниите.
27.04.2023
„Сметаме дека натамошната насока на монетарната политика на ЕЦБ ќе зависи од тековните податоци за пазарот на трудот, инфлацијата и условите за кредитирање, кои детално ќе се следат, исто како што вчера најави американската ФЕД“, велат нашите аналитичари.