Започна судењето за измами со никел вредни милијарди долари, случај што ја потресе бизнис-заедницата во Сингапур. Имено, поранешен сметководител е обвинет за измама со никел во милијарди долари и од денеска му се суди по повеќе од сто обвиненија поврзани со измама и перење пари.
Обвинителите тврдат дека Нг Ју Жи (37) собрал пари за обрти што не постоеле. Стотици клиенти, од кои многумина се истакнати личности во градот-држава, ги вложиле своите пари во шемата вредна 1,1 милијарда долари што била поврзана со групацијата „Енви“ (Envy Group) на Нг Ју Жи, која нудела инвестиции во трговија со никел и промовирала импресивни просечни квартални добивки од 15 отсто.
Во меѓувреме Нг потрошил милиони за финансирање на екстравагантниот животен стил, вклучувајќи трикатна вила во отмен кварт и спортски автомобил „пагани“ (Pagani), вреден повеќе милиони долари.
Прочитај повеќе
И македонските финансиски советници ги фати еуфоријата на поткасти
Се промовираат совети, но патот кон добри инвестиции засега оди бавно.
26.11.2024
Голема измама со транспортни контејнери вредна три милијарди евра
Како компанијата „Пи енд ар контејнерс“ (P&R Containers) се префрли од транспорт на попрофитабилна работа со мамење луѓе.
12.11.2024
Измамата што била изведена во периодот од 2020 и 2021 година, сингапурската полиција ја нарече „една од најголемите инвестициски измами во земјата досега“. Истовремено, тој е последен во низата скандали во градот-држава, кој важи за финансиски и трговски центар и сега е желен да ја врати репутацијата за добро управување.
Претходно месецов поранешниот нафтен тајкун Лим Оон Куин (82) беше осуден на 17,5 години затвор за мамење на ХСБЦ (HSBC Holdings Plc) и поттикнување фалсификување. Во октомври, пак, С. Исваран стана првиот поранешен министер што е затворен во последниот половина век откако се изјасни за виновен по обвиненијата што вклучуваат и попречување на правдата.