„Монте Паски“ (Banca Monte dei Paschi di Siena SpA) стекна повеќе од половина од правата на глас во „Медиобанка“ (Mediobanca SpA), со што практично доби контрола врз италијанската инвестициска банка.
Според поднесок потврден од „Блумберг њуз“ (Bloomberg News), акционерите на „Медиобанка“ предале 62,3 отсто од акциите во рамките на понудата за преземање без согласност на управата што ја достави „Монте Паски“.
Учeството на банката може дополнително да се зголеми. Иако првата рунда на понудата заврши со затворањето на берзата во понеделникот, таа повторно ќе биде отворена од 16 до 22 септември. Банката од Сиена се обврза да ги откупи сите акции што ќе бидат прифатени.
Прочитај повеќе

Француските тврдења за италијански „фискален дампинг“ ја налутија Мелони
Францускиот премиер Бајру ја обвини Италија за „фискален дампинг“. Канцеларијата на Мелони возврати дека обвинувањето е неосновано.
01.09.2025

Италија, Шпанија и Грција го преземаат приматот на пазарот на обврзници
Поранешните „ризични“ економии сега доминираат на пазарот на обврзници, привлекувајќи капитал што некогаш одеше во Германија и Франција.
11.08.2025

Италија продаде 25 проценти од акциите во „Монте Паски“ за околу 920 милиони евра
Владата настојува да ја спои „Монте Паски“ со банка која има слична големина за да создаде нов центар кој ќе го oдржи во живот најстариот банкарски бренд во светот
21.11.2023

Италија сака да продава удели во државни компании за да обезбеди кеш
Владините министри ја проценуваат можноста за ослободување од некои средства, вклучително и уделот во државната железница
31.08.2023
Зделката вредна 15,9 милијарди евра (18,7 милијарди долари) ќе создаде трета најголема банка во Италија. Таа наедно претставува остварување на долгогодишната амбиција на италијанската премиерка Џорџа Мелони да формира нова голема банка што ќе може подобро да им конкурира на „Интеса Санпаоло“ (Intesa Sanpaolo SpA) и „Уникредит“ (UniCredit SpA).
„Монте Паски“ претходно месецов ја подобри понудата со додавање готовина, иако го намали минималниот праг на прифаќање на 35 отсто. Новата понуда ја процени „Медиобанка“ на 19,56 евра по акција при затворањето на берзата во понеделникот, во споредба со пазарната цена од 19,48 евра по акција.
„Монте Паски“ може да стане трета најголема банка во Италија
Преземањето на „Медиобанка“ би ги зголемило средствата на банката речиси двојно
Bloomberg
Ова претставува кулминација на неверојатното враќање на „Монте Паски“, која се смета за најстарата банка во светот што сè уште функционира и која дури неодамна излезе од сеопфатно реструктурирање. Неповолното преземање непосредно пред финансиската криза во 2008 година го означи почетокот на проблемите на банката, кои кулминираа со нејзина национализација во 2017 година.
Во речиси двете децении што следуваа, инвеститорите вложија повеќе од 14 милијарди евра свеж капитал, на што се додадоа и околу 7 милијарди евра од различни италијански влади.
Но откако главниот извршен директор Луиџи Ловаљо ја презеде функцијата во 2022 година, растот на каматните стапки и темелната реконструкција ја зголемија профитабилноста и ја подигнаа цената на акциите, овозможувајќи му на Рим да го намали својот удел.
Повисоката процена исто така ѝ даде на „Монте Паски“ доволно сила за да поднесе понуда за преземање на „Медиобанка“ – конкурент чија пазарна вредност е за околу 70 отсто повисока.
Хронологија на кризата и закрепнувањето на „Монте Паски“
„Монте Паски“ одлучува да ја купи банката „Антонвенета“ (Banca Antonveneta) за 36 отсто повеќе од вредноста што претходно ѝ ја припишала „Сантандер“ (Banco Santander SA).
2008 – Обезбедува 5 милијарди евра од инвеститори за финансирање на купувањето на банката „Антонвенета“.
2009 – Добива 1,9 милијарда евра државна помош за зајакнување на капиталот.
2013 – „Монте Паски“ е вклучена во кривични истраги поради користење милијарди евра во деривати од „Дојче банк“ (Deutsche Bank AG) и „Номура“ (Nomura Holdings Inc.) за прикривање загуби.
– Банката добива и 4 милијарди евра државен спасувачки пакет, кој вклучува и рефинансирање на претходната помош. Парите подоцна беа вратени.
2014 – Обезбедува нови 5 милијарди евра од инвеститори.
2015 – Обезбедува нови 3 милијарди евра од инвеститори.
2017 – Соочена со нов капитален јаз, Италија ја национализира „Монте Паски“ со државен спасувачки пакет од 5,4 милијарди евра.
2020 – Италијанската влада започнува разговори со „Уникредит“ за продажба на „Монте Паски“.
2021 – Преговорите меѓу владата и „Уникредит“ за продажбата пропаѓаат поради бараниот износ на капитал што Италија требаше да го надомести.
2022 – Обезбедува 2,5 милијарди евра од државата и инвеститори за финансирање на планот за закрепнување.
2023 – Италија продава 25 отсто од уделот во „Монте Паски“, со што собира 920 милиони евра.
2024 – Италија продава 27,5 отсто од уделот во „Монте Паски“ во две транши, собирајќи вкупно 1,75 милијарда евра.
2025 – „Монте Паски“ ја презема контролата врз „Медиобанка“ со понуда составена од готовина и акции.
Ловаљо повеќепати изјави дека „Монте Паски“ ќе има корист од спојувањето на напорите на двете банки во управување со средства, приватно банкарство, инвестициско банкарство и осигурување. Неговата банка би претставувала околу 60 отсто од заедничката институција според обемот на клиентски заеми и средства.
Иако „Монте Паски“ претходно тврдеше дека ќе ја смета трансакцијата за успешна доколку обезбеди најмалку 35 отсто во „Медиобанка“, апсолутното мнозинство ѝ дава многу поголемо влијание. Тоа исто така ѝ овозможува на банката да ја консолидира „Медиобанка“ и да го зголеми капиталот преку побрзо искористување до 2,9 милијарди евра одложени даночни олеснувања.
Затворање едно поглавје
Зделката го затвора поглавјето за улогата на „Медиобанка“ како најголема независна инвестициска банка во Италија котирана на берза и најверојатно ќе го означи крајот на мандатот на Алберто Нагел на чело на институцијата. Тој ѝ се приклучи на банката во 1991 година, а во 2008 година стана главен извршен директор, што го прави еден од извршните директори со најдолг мандат во европското банкарство.
Според добро упатени извори, Нагел се подготвува да поднесе оставка заедно со остатокот од управниот одбор на банката, бидејќи „Монте Паски“ се приближува кон преземање на контролата врз конкурентот, објави „Блумберг њуз“ (Bloomberg News). Сепак, конечна одлука од Нагел или одборот сè уште нема, а ситуацијата може да се промени.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...