Кариера

4-дневната работна недела е успешна за повеќе компании, но не за сите

Извор: Arianne Cohen/Bloomberg

20. Септември 2022, 15:38

Само два отсто од компаниите го сметаат ваквиот начин на работа за предизвик

4-дневната работна недела е успешна за повеќе компании, но не за сите

Depositphotos

Четиридневната работна недела... функционира.

Тоа е пораката што произлегува од внимателно набљудуваните компании кои го прифатија овој начин на работа во пилот-програмите што ги води непрофитната организација 4 Day Week Global.

Истражување објавено во вторникот покажа дека 78 отсто од лидерите во повеќе од 70 британски компании кои се префрлиле на четиридневни распореди, велат дека нивната транзиција била добра или „беспрекорна“. Само два отсто го сметаат ваквиот потег за предизвик. Повеќето (88 отсто) велат дека четиридневните распореди функционираат добро.

Идејата за четиридневна работна недела не е шега. Законодавците од Калифорнија неодамна ги разгледаа, а потоа ги отфрлија плановите за четиридневна работна седмица во целата држава за некои вработени. Истражувањето спроведенот од „Гартнер“ (Gartner) покажа дека пократка недела е претпочитана стратегија за регрутирање и задржување на работна сила.

МИА
 

Во моментот, во тек се шестмесечни пилот програми со повеќе од 180 компании во неколку земји. Работодавците обично се префрлаат на четири работни денови од 32 часа (со варијации во зависност од улогата и индустријата), без намалување на платата. Во пилот проектот во Британија, на половина од неговата реализација, биле анкетирани менаџери на компании со вкупно 3.300 вработени. Програмата се спроведува во соработка со кампањата „Четири дена во неделата“ и тинк-тенкот Autonomy, заедно со партнерството за собирање податоци на истражувачи од Бостонскиот колеџ, Универзитетот Кембриџ и Универзитетот Оксфорд.

Речиси сите организации во Британија (86 отсто) велат дека најверојатно ќе се придржуваат до четиридневниот распоред, по завршувањето на пилот програмата во ноември. Речиси половина, 49 отсто, изјавиле дека продуктивноста е подобрена, додека 46 отсто рекле дека таа останала стабилна.

„Исклучително е охрабрувачки да се види тоа“, вели Џо О'Конор, главен извршен директор на 4 Day Week Global, кој очекувал организациите да покажат постабилни резултати. „Ќе го гледавме ова како огромно зголемување на продуктивноста доколку продуктивноста останеше иста“.

Засега, продолжуваат пилот програмите во Британија, САД, Нов Зеланд, Австралија, Ирска и Канада.

Не сите организации кои започнуваат со тестирања ги завршуваат, вели О'Конор. Отприлика еден од пет работодавци се откажуваат, повеќе од половина во фазата на предпланирање. Раководителите кои ги спроведуваат пилот програмите велат дека се соочуваат со двоен предизвик за надминување на петдневните норми за персоналот и индустријата, заедно со тешката задача за подобрување на работниот процес за да се постигне истиот ефект за четири дена.

Кога компаниите се откажуваат во фазата на планирање, „главната причина е што менаџментот премногу размислува и станува колеблив“, вели О'Конор. „Тие се обидуваат да го решат секој можен проблем пред да започне пробното тестирање, што е невозможно бидејќи многу од придобивките во продуктивност и подобрувања на процестите се градат и извршуваат преку тимска игра“, додава тој.

Bloomberg Mercury
 

Исто така, се осврна на тешкотиите кои настануваат во компаниите со култура на недоверба меѓу лидерите и вработените.

„Тие мислат дека имаат отворен стил на одлучување одоздола нагоре, но во пракса тоа можеби не е случај“, појаснува О'Конор.

„На почетокот не е лесно, но не е ниту голема промена“, вели Ничи Расел, директорка на Waterwise, непрофитна организација фокусирана на намалување на употребата на вода. „Сите моравме да работиме на тоа - ситуации, како на пример годишен одмор, може да спречат да се поклопат сите коцки. Но, тимот е прилично среќен и на сите ни се допаѓа дополнителниот ден надвор од канцелариите“, нагласува таа.

Компаниите кои се борат со четиридневниот распоред често се многу мали и во сфери за кои се потребни смени во пет или седум дена, што бара прецизен распоред и закажувња меѓу малиот персонал.

Организациите, исто така се откажуваат од обидите да го намалат работното време кога ќе бидат погодени од неочекувани промени, како што се ново управување или финансиски промени. Учесниците во пробните процеси во Британија опфаќаат сектори како што се образование, медиуми, угостителство и здравство, а ги вклучуваат Charity Bank, компанијата за транспарентност на синџирот на снабдување Everledger, платформата за комуникација со клиенти Secure Digital Exchange и Royal Society of Biology.

О'Конор заклучил дека работите одат добро кога на компаниите веќе не им е потребен.

„Навистина им сме потребни во раната фаза“, објаснува тој. „Кога ќе се намали потребата од контакт со нас, тоа значи дека се на добар пат да го реализираат проектот на дело“.

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 2 часа

Сите новости од рубриката Бизнис

Бизнис

сите новости од рубриката Бизнис