text size
Американците го популаризираа „воркохолизмот“, но според ново истражување француските директори се тие што најмногу работат прекумерно. Речиси четири од десет француски деловни лидери признаваат дека работат интензивно, долги часови, без редовни паузи, многу над глобалниот просек од 25 отсто и над процентот на најдобри резултати во САД, Велика Британија и Кина, покажа истражувањето на здравствената осигурителна компанија „Бупа глобал“ (Bupa Global).