text size
Повеќе од 40 отсто од луѓето со работа зад биро се чувствуваат „прегорено“ од работа, што е и највисокото ниво од ерата на пандемијата, според истражувањето објавено во средата од „Фјучер форум“ (Future Forum), истражувачки конзорциум поддржан од „Слак технолоџис“ (Slack Technologies) на „Сејлсфорс“ (Salesforce Inc.). Болката е особено акутна надвор од САД, каде што стапката на исцрпеност се зголемува со темпо доволно да ги засени малите подобрувања забележани кај американските работници.