text size
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) одобри кредит од 55 милиони евра за српската стартап компанија „HTEC Group“, чие седиште е во Соединетите Американски Држави (САД). Фирмата е специјализирана за софтверско инженерство и развој на дигитални производи. Оваа инвестиција претставува најголемо финансирање од ЕБРД во ИТ секторот до сега во регионот на Западен Балкан.