Коосновачот на FTX, Сем Банкмен-Фрид, е екстрадиран во САД доцна во средата, за да се соочи со низа кривични пријави токму во моментот кога двајца негови долгогодишни соработници посочија дека соработуваат со обвинителите.
Откритието дека Керолин Елисон и Гери Ванг се изјасниле за виновни за измама и дека соработуваат со федералните служби во истрагата за колапсот на криптоберзата е застрашувачки знак за Банкмен-Фрид. Триесетгодишникот во Њујорк се соочува со обвинение по осум точки.
Се очекува Банкмен-Фрид денеска да го има своето прво појавување во федералниот суд на Менхетн. Неговите адвокати може да бараат кауција.
Прочитај повеќе
„Аламеда“ имала тајна предност во брзината, вели американскиот регулатор
Компанијата имала тајна предност во брзината при извршувањето на налозите за купување или продавање на криптоберзата.
14.12.2022
Банкмен-Фрид ги измамил инвеститорите за 1,8 милијарди долари
Американските регулатори го обвинија ко-основачот на FTX дека во текот на неколку години водел шема за измама на инвеститорите.
13.12.2022
Новиот шеф на FTX го откри хаосот што зад себе го оставил Банкмен-Фрид
Советниците кои го надгледуваат колапсот на FTX Group објавија неверојатен список на обвинувања против поранешното раководство.
18.11.2022
Американските власти спроведуваат голема истрага за минатомесечниот спектакуларен колапс на FTX, фирма што некогаш беше една од најголемите криптоберзи во светот и цврсто поврзана со трговската фирма на Фрид „Аламеда рисрч“ (Alameda Research). Објавата дека Елисон и Ванг се изјасниле за виновни го зголеми притисокот врз Банкмен-Фрид и другите директори што сè уште не се обвинети.
„Дозволете ми да го повторам повикот што го направив минатата недела“, рече во изјава Демијан Вилијамс, американски обвинител за јужниот округ на Њујорк. „Ако сте учествувале во недоследностите во FTX или 'Аламеда', сега е вистинско време да се пријавите. Се движиме брзо, а нашето трпение не е вечно“.
Претставник на Банкмен-Фрид, кој претходно во средата формално се согласи на екстрадиција, одбил да коментира. И адвокатот на Елисон не одговорил веднаш на барањата за коментар.
Илан Граф, адвокат на Ванг, рече дека неговиот клиент „ја прифатил одговорноста за своите постапки и сериозно ги сфаќа своите обврски како сведок што соработува во истрагата“.
Поранешниот федерален обвинител Пол Пелетие вели дека признанијата за вина се лоша вест за Банкмен-Фрид. Пелетие посочи дека адвокатите на одбраната знаат оти вработените што рано ќе почнат да соработуваат со истражителите ги добиваат најдобрите зделки од обвинителите.
„Кога обвинителите одговорно тврдат пред јавноста дека ќе ги наградат соработниците и дека доаѓаат по измамниците, тогаш раководителите на компанијата внимателно слушаат“, посочува тој.
Елисон, која има 28 години и е ќерка на професор, се изјасни за виновна за седум обвиненија. Ванг, кој неодамна се најде на листата на милијардери на Форбс, се изјаснил по четири, според информации од обвинителите. Двајцата се ослободени со кауција.
Во договорите за признавање вина од страна на Елисон и Ванг стои дека обвинителите ќе препорачаат намалување на казните доколку двајцата обезбедат „значителна помош“ за истрагата.
Банкмен-Фрид беше лицето на FTX и на распространета мрежа поврзани бизниси. Тој беше присутен на светската сцена опкружен со политичари, познати личности и спортисти, промовирајќи ги FTX и крипто генерално.