text size
Високата инфлација ги зголеми трошоците на осигурителните компании по основа на исплата на штети во текот на минатата година. Зголeмените исплати најмногу се почувствувале кај осигурувањето од автоодговорност, кое чини половина од вкупните исплатени штети, но и кај приватното здравствено осигурување, кое имаше свој значаен подем во 2022 година. Од друга страна, медицинските услуги во приватните здравствени установи драстично се зголемија, па тоа ја зголеми штетата.