text size
Стабилен раст на акциите, поголема атрактивност на овие акции и позадоволни акционери очекува првиот човек на домашната фармацевтска компанија „Реплек“ од објавувањето на среднорочната дивидендна политика на компанијата. Душан Пецовски одлучи да ја води компанијата во една насока што гарантира отвореност кон акционерите и кон инвеститорската јавност и се надева дека тоа ќе внесе додадена вредност за „Реплек“. Со главниот извршен директор разговарав во пресрет на годишното собрание на акционерите, кое е закажано за утре.