text size
Кои пронајдоци најмногу ги обележија последните сто години? Многумина би рекле автомобилот. Односот меѓу човекот и автомобилот беше една од оние љубовни приказни што несомнено силно ги обележија животите на масите. Таа врска последниве години почна да се распаѓа. Европската политика одамна му објави војна на автомобилот, а автомобилската индустрија сега се бори да ги елиминира емисиите до 2035 година. Автомобилските компании размислуваат како да се приспособат и да преживеат во новото време.