text size
Водечките економии до крајот на годината ќе влезат во рецесија. Ова предупредување деновиве дојде од аналитичарите од јапонската финансиска компанија „Номура“. Тие сметаат дека инфлацијата и мерките на централните банки за нејзино сузбивање ќе придонесат кон забавување на економијата, а во рецесија освен САД, ќе влезат и земјите од еврозоната, Обединетото Кралство, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Канада. За САД пред три дена и Bloomberg analytics ги зголеми можностите за рецесија до крајот на годината на 38 отсто.