text size
Во две блок-трансакции со вкупна вредност од 15,6 милиони денари(253.000 евра) вчера на Македонската берза беа продадени 240 акции од „Макпетрол“. Во првата блок-трансакција беа продадени 200 акции, а во втората 40 акции. Во двете блок-трансакции акциите се продадоа по цена од 65.000 денари по акција.