Компании

Како заштедите влијаеја на растот на добивката на „Македонски телеком“

Автор: Nemanja Đurđević

28 февруари 2024, 12:45

Компанијата оствари ЕБИТДА маргина од 42,2 процента

Тоа е за 3,4 процентни поени повеќе од 2022 година

Компанијата има нето-добивка од над 33,8 милиони евра

Како заштедите влијаеја на растот на добивката на „Македонски телеком“

Македонски Телеком

Nemanja Đurđević
Analitičar korporativnih financija

Трендот на раст на приходите од продажба на „Македонски телеком“ не е променет во однос на растот остварен на крајот на првите девет месеци - сè уште е на многу ниска разлика во однос на минатата година, само 1,2 отсто. За разлика од другите регионални телекоми, растот на ЕБИТДА (заработка пред оданочување, камати и амортизација) на „Македонски телеком“ од 10,4 проценти се должи на намалувањето на оперативните трошоци за 3,4 проценти годишно и заштедата на трошоците за електрична енергија за 22,8 проценти годишно во 2023 година. Колкава е силата на намалените трошоци во услови на речиси непроменет раст на приходите гледаме во промената на ЕБИТДА маргината - 42,2 отсто, за 3,4 процентни поени повеќе од остварената маргина во 2022 година.

Иако годината ја заврши со раст на приходите од продажба на странски пазари за 13 отсто во однос на претходната година, сепак домашниот пазар е доминантен во вкупните приходи од продажба, па ефектот на странскиот пазар не е забележлив во вкупните приходи од продажба. Мобилните услуги го предводат овој раст со промена од 4,3 отсто, но не заостанува и фиксниот сегмент, кој исто така забележа раст од 3,5 отсто во однос на минатата година. Бројот на претплатници е зголемен за околу 1 процент, но македонскиот пазар на мобилна телефонија расте побрзо од растот на бројот на корисници на „Македонски телеком“, па, така, пазарниот удел на компанијата е намален за 0,4 процентни поени во однос на минатата година.

 

 

Роамингот и миграцијата од припејд кон атрактивни постпејд-пакети, кои ја вклучија и продажбата на мобилни телефони (продажбата на мобилни телефони се зголеми за 3,6 отсто), доведоа до раст од 3,8 отсто на малопродажбата на говорни услуги. Иако растот на целата категорија говорни услуги беше делумно неутрализиран со намалување на сегментот на големо за 3,1 отсто. „Македонски телеком“ постојано се бореше во големопродажниот сектор да го следи трендот од претходната година, но тешко, затоа што 2023 година беше постојано под минатогодишните резултати - во првото полугодие од 2023 година беше понизок во споредба со истиот период од претходната година за 1,4 отсто, што укажуваше влошување во вториот дел од годината. Конечно, и покрај нерамнотежата во растот на малопродажбата и големопродажбата, „Македонски телеком“, благодарение на поскапите пакети и малото зголемување на корисничката база, има поголем приход по корисник (ARPU) во однос на лани за 1,6 отсто.

Она со што може да се пофали „Македонски телеком“ се резултатите од инвестирањето во оптичката мрежа во однос на резултатите постигнати во 2022 година - кон средината на годината растот на мрежната покриеност, односно бројот на корисници со пристап до мрежата изнесуваше 11 проценти, на крајот на првите девет месеци растот беше 13 отсто, а на крајот на годината 14,6 отсто. Иако има раст, она што е важно да се истакне е дека тој во овој сегмент не го надминува растот на пазарот, бидејќи неговиот пазарен удел речиси и не е променет - 49,6 отсто во 2023 година наспроти 49,7 отсто во 2022 година.

Системските интеграции и ИТ не остварија приходи како лани, кога „Македонски телеком“ оствари приходи во оваа категорија врз основа на проекти, па падот од 51,3 отсто во оваа година не е изненадувачки. Причината за значителниот пад е минатогодишната висока база предизвикана од еднократниот огромен проект во 2022 година. Сепак, тој јаз е помал кога се набљудува трендот во текот на годината - првата половина од 2023 година беше помала за речиси 72 отсто на годишно ниво, додека на крајот на третиот квартал падот изнесуваше 60 отсто на годишно ниво. Овој сегмент имаше влијание и врз намалувањето на трошоците на набавната вредност на стоките за 10 отсто годишно.

„Македонски телеком“ во 2023 година го интегрира одржувањето на телекомуникациската мрежа во својот систем. Од 2016 година таа работа ја извршува надворешен провајдер, што резултира со зголемување на трошоците за вработените за 9,4 отсто во однос на минатата година.

Со овој стратегиски потег, во 2024 година „Македонски телеком“ ќе работи на развој на нови решенија засновани на постојни производи (на пример, иновации на ТВ-платформата и мобилни мрежи базирани на 5Г), но и на отворање можности за развој на нови дигитални платформи. Првиот чекор кон тоа е најавата на компанијата дека ќе ја исклучи 3Г-мрежата до март 2024 година. Ќе биде потребно да најдат нови извори на приходи, бидејќи очекуваме приходите од основната дејност да бидат со низок едноцифрен раст. На трошковната страна, очекуваме намалување на цените на енергијата, но драстичната промена во таа категорија на трошоци нема да биде во онаа мера како што беше во 2023 година. На крајот, профитабилноста ќе зависи од оптимизацијата на другите деловни процеси. Имајќи предвид дека основата за споредба ќе биде различна, пред сè во делот на системската интеграција и ИТ, очекуваме промената на ЕБИТДА да биде со низок едноцифрен раст во споредба со 2023 година, со релативно слично ниво на маргината на ЕБИТДА како во 2023 година.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

 

Сите новости од рубриката Бизнис

Бизнис

ЕУ казни дел од автомобилските гиганти со 458 милиони евра за картелско здружување
Компании

ЕУ казни дел од автомобилските гиганти со 458 милиони евра за картелско здружување

Истрагата на ЕУ откри дека 16 големи производители на автомобили, како и Европската асоцијација на производители на автомобили, пред повеќе од 15 години склучиле договори против пазарната конкуренција.

02.04.2025

сите новости од рубриката Бизнис

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите