Компании

'Луфтханза' ја зголемува платата на 20.000 вработени

Извор: Iain Rogers, William Wilkes/Bloomberg

05. Август 2022, 09:04

'Луфтханза' ја зголемува платата на 20.000 вработени

Bloomberg

Компанијата „Луфтханза“ (Deutsche Lufthansa AG) и синдикатот „Верди“ потпишаа договор за плата за 20.000 членови на аеродромскиот персонал на компанијата по еднодневен штрајк што доведе до бран откажувања.

Договорот објавен доцна во четвртокот вклучува месечни зголемувања на платите во три фази до крајот на следната година, соопшти „Верди“ во објава испратена по електронска пошта. Службениците за чекирање ќе добијат меѓу 13,6 и 18,4 отсто повисоки плати, што ќе им помогне на работниците да се справат со повисоките сметки за енергија.

„Резултатот вклучува компензација за инфлацијата и дополнително зголемување на реалните плати“, посочи главната преговарачка на „Верди“, Кристин Бехле. „За нас беше важно да ја постигнеме оваа вистинска рамнотежа за да ги заштитиме вработените во оваа тешка економска клима“, додаде таа.

Договорот доаѓа по предупредувачкиот штрајк на персоналот на аеродромите минатиот месец што доведе до стотици откажувања во центрите на „Луфтханза“ во Франкфурт и Минхен. Превозникот во четвртокот соопшти дека штрајковите го чинеле околу 35 милиони евра.

Членот на одборот на авиокомпанијата одговорен за човечки ресурси, Мајкл Нигеман, го поздрави, како што рече, доброто решение и го повтори уверувањето на авиокомпанијата дека може да постигне договор со пилотите и кабинскиот екипаж, кои исто така се залагаат за повисоки плати за да се неутрализираат зголемените потрошувачки цени.

Инфлациски притисок

Зголемената инфлација во Германија ги поттикнува работниците да бараат повисоки плати, што носи закана од штрајкови во неколку сектори. Пилотите на „Луфтханза“ бараат зголемување на платите за да се неутрализира речиси двоцифрениот пораст на потрошувачките цени.

Главниот извршен директор, Карстен Спор, вети дека ќе ја зголеми профитната маржа на авиокомпанијата на најмалку 8 проценти до 2024 година, чекор што тој рече дека е потребен за да се намали долгот. Споровите со претставниците на трудот и отстапките околу платите сугерираат дека Спор може да има проблеми да ги исполни тие цели додека се обидува да ја балансира потребата од повеќе персонал со обидот да ги намали трошоците.

'Луфтханза' најавува зголемен профит и 10 илјади вработувања

Сепак, авиокомпанијата овој месец објави дека се вратила на профитабилноста во вториот квартал, благодарение на зголемената побарувачка за патувања што го принуди секторот да ги зголеми цените и да ја ограничи достапноста на седиштата.

Сите новости од рубриката Бизнис

Бизнис

сите новости од рубриката Бизнис