Првото полугодие од 2025 година „Реплек“ го заврши со значаен раст на приходите од продажба во сегментот фармација за 22 отсто, евидентен како на домашниот, така и на странските пазари. Консолидираната нето добивка достигна 130 милиони денари (2,11 милиони евра), што е пораст за 90 отсто во однос на истиот период од минатата година, соопшти компанијата.
Нето-приходите од продажба во сегментот фармација во периодот од јануари до јуни годинава достигнаа 16,4 милиони евра. На домашниот пазар Реплек оствари приходи од продажба во износ од 3,9 милиони евра, што е раст од 34 отсто во споредба со истиот период минатата година, а на странските пазари реализираните приходи од продажба се 12,5 милиони евра, што е зголемување од 18 отсто.
„Овие извонредни финансиски резултати се уште една потврда за ефикасноста на нашата развојна стратегија и за посветеноста на нашиот тим, но и дополнителен мотив да продолжиме да создаваме вредност за вработените, потрошувачите и инвеститорите. Горди сме на високиот раст во првото полугодие и остануваме силно посветени на иновациите и на проширувањето на нашето производно портфолио. Остануваме фокусирани на инвестиции во модернизација и градење на цврсти односи со нашите партнери, што е најава за уште една успешна година за компанијата“, изјави Душан Пецовски, главен и извршен директор на „Реплек“.
Прочитај повеќе

„Реплек“ инвестираше во нов технолошки производствен блок
Напредни системи и вештачка интелигенција ќе го контролираат квалитетот во реално време.
02.07.2025

Раст на добивката на „Алкалоид“, инвестициите нараснале на 10 милиони евра
Во периодот за анализа „Алкалоид“ оствари приходи во вкупна вредност од 116,9 милиони евра.
30.07.2025

„Макпетрол“: Поголема добивка, повеќе инвестиции и бонуси за вработените
Добивката пред оданочување е зголемена за 4,96 отсто споредено со минатата година
пред 21 час

Глобалниот данок ја нагризува добивката на скопската „Стопанска банка“
Добивката пред оданочување е зголемена за два отсто
30.07.2025

Во јуни годинава Реплек АД, во согласност со едногласно усвоената одлука на Годишното собрание на акционери, исплати дивиденда во бруто износ од 400 денари по акција, што е раст од 33 отсто во однос на исплатената дивиденда за 2023 година.
Во првата половина од 2025 година, компанијата реализираше стратешки инвестиции во основни средства во износ од вкупно 3,3 милиони евра, насочени кон зајакнување на производствените и логистичките капацитети. Беше пуштен во употреба нов, модерен производствен блок, опремен со високо технолошка линија за блистирање, пакување и серијализација, надополнет со нова опрема за суво мешање. Проектот почна во 2024 година, а неговата вкупна вредност изнесува два милиони евра.
„Со оваа инвестиција се овозможува зголемување на вкупниот капацитет за примарно и секундарно пакување за 25 отсто, а двојно се зголемува и капацитетот на процесот за суво мешање. Реплек е во завршна фаза и на имплементацијата на SAP ERP системот, кој ќе овозможи повисоко ниво на автоматизација, подобро управување со ресурсите и транспарентност во работењето“, соопшти компанијата.
До крајот на годината планирани се вложувања во развојни проекти во висина од 10 милиони евра. Овие инвестиции се дел од долгорочната стратегија на Реплек за севкупна модернизација на производствените процеси кои треба да овозможат одржлив раст и дополнително зголемување на извозната конкурентност на компанијата.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...