Во четири блок-трансакции со вкупна вредност од околу милијарда денари (16,5 милиони евра) денеска на Македонската берза се истргуваа вкупно 77.364 акции од „Македонијатурист“ коишто претставуваат 17,1 проценти од основната главнина на друштвото.
Блоковите се истргуваа по цена од 13.142 денари по акција. Акционерскиот капитал на „Македонијатурист“ е поделен на 452.247 акции, секоја со номинална вредност од 25,56 евра. Во редовното тргување, акциите на компанијата последен пат се тргуваа на берзата на 30 септември по просечна цена од 10.200 денари.
„Блумберг Адрија“ во повеќе наврати пишуваше за промените во сопственичката структура на компанијата. „Македонијатурист“ неодамна преку Македонската берза информираше дека Ацо Дудулоски е назначен за претседател на Управниот одбор на компанијата.
Прочитај повеќе

Избран нов Надзорен одбор на „Македонијатурист“
Акционерите за нови членови на Надзорниот одбор ги избраа Горазд Поповски(независен член), Сашко Бошков, Олга Павлова и Горан Марковски (независен член).
18.02.2025

„Современ дом“ се придружи на групата големи акционери во „Македонијатурист“
Компанијата поседува 22.659 акции односно 5,01 проценти од вкупниот број обични акции издадени од „Македонијатурист“.
10.02.2025

„Скопски пазар“ и „МГ Фешн“ ја зголемија сопственоста во „Македонијатурист“
Со новата трансакција „Скопски пазар“ ја зацементира позицијата – најголем поединечен акционер во „Македонијатурист“.
29.01.2025

„Чезакомерц“ ја зголеми сопственоста во „Македонијатурист“
Во „Македонијатурист“ има значителни промени во сопственичката структура и обиди за окрупнување на сопственичкиот капитал.
24.01.2025

„Скопски пазар“ и „Промедика“ ја зголемија сопственоста во „Македонијатурист“
Во „Македонијатурист“ подолг период тече процес на ново окрупнување на сопственичкиот капитал.
16.01.2025
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...