Собранието на акционери на „Македонијатурист“ на вчерашната седница ги отповикаа досегашните членови на Надзорниот одбор: Доне Таневски, Владо Богдановски, Верица Хаџи Василева Марковска и Ѓорѓи Јанчевски, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Истовремено, акционерите за нови членови на Надзорниот одбор ги избраа: Горазд Поповски(независен член), Сашко Бошков, Олга Павлова и Горан Марковски (независен член).
„Блумберг Адрија“ во повеќе наврати пишуваше дека во „Македонијатурист“ има значителни промени во сопственичката структура и обиди за окрупнување на сопственичкиот капитал. Неодамна, „Македонијатурист“ по барање на акционерот „Скопски пазар“ распиша повик за вонредна седница на Собранието на акционери, а со цел да се променат членовите на Надзорниот одбор на компанијата. Повеќето акционери коишто поседуваат над пет проценти од акциите доставија свои предлози за нови членови на Надзорниот одбор.
Прочитај повеќе

„Современ дом“ се придружи на групата големи акционери во „Македонијатурист“
Компанијата поседува 22.659 акции односно 5,01 проценти од вкупниот број обични акции издадени од „Македонијатурист“.
10.02.2025

„Скопски пазар“ и „МГ Фешн“ ја зголемија сопственоста во „Македонијатурист“
Со новата трансакција „Скопски пазар“ ја зацементира позицијата – најголем поединечен акционер во „Македонијатурист“.
29.01.2025

„Чезакомерц“ ја зголеми сопственоста во „Македонијатурист“
Во „Македонијатурист“ има значителни промени во сопственичката структура и обиди за окрупнување на сопственичкиот капитал.
24.01.2025

„Скопски пазар“ и „Промедика“ ја зголемија сопственоста во „Македонијатурист“
Во „Македонијатурист“ подолг период тече процес на ново окрупнување на сопственичкиот капитал.
16.01.2025

Ја губи ѕвездата: Доне Таневски сега поседува помалку од 5 отсто во „Македонијатурист“
Доне Таневски поседува 17.247 обични акции, односно 3,81 отсто
03.01.2025

Продадени два блока акции од „Македонијатурист“ за 7,3 милиони евра
Акциите претставуваат 7,32 проценти од основната главнина на друштвото.
30.12.2024

„М.Г.Фешн“ продаде 15.000 акции од „Македонијатурист“
Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 23 декември годинава компанијата поседуваше 7,69 проценти од вкупниот број акции од „Македонијатурист“.
26.12.2024

Продадени 13 блока акции од „Македонијатурист“ за 9,8 милиони евра
Продолжува низата мултимилионски блок трансакции со акциите на компанијата од изминатиов период.
02.12.2024