„Ворнер Брос“ (Warner Bros Discovery Inc.) разгледува повторно отворање на разговорите за продажба со ривалското холивудско студио „Парамаунт скајденс“ (Paramount Skydance Corp.), по добивањето на најновата изменета понуда од потенцијалниот купувач, велат добро упатени извори.
Членови на одборот на „Ворнер Брос“ дискутираат дали „Парамаунт“ може да понуди пат кон подобар договор, велат извори запознаени со размислувањата на одборот, потег што би можел да предизвика втора рунда наддавање со „Нетфликс“ (Netflix Inc.). Одборот сè уште не донел одлука како да одговори и сè уште има обврзувачки договор со „Нетфликс“, додаваат изворите, кои побарале да не бидат именувани бидејќи станува збор за информации што не се јавни.
„Парамаунт“ минатата недела достави изменети услови со кои беа поставени неколку прашања. Компанијата ќе покрие надомест од 2,8 милијарди долари што му се должат на „Нетфликс“ доколку „Ворнер Брос“ го раскине договорот, а нуди и гаранција за рефинансирање на долгот на „Ворнер Брос“.
Прочитај повеќе
„Парамаунт“ би платил за раскин на договорот за преземање на „Ворнер“ од „Нетфликс“
„Парамаунт“ во соопштението во вторникот соопшти дека ќе плати надомест за раскинување од 2,8 милијарди долари што „Ворнер Брос.“ ќе мора да му го плати на „Нетфликс“ за веќе затворениот договорен со стриминг гигантот.
10.02.2026
„Нетфликс“ понуди исплата во кеш, се вжештува борбата за „Ворнер Брос“
„Нетфликс“ со нов примамлив предлог во медиумската битка на годината! Ќе успее ли „Парамаунт“ да се врати во играта за иднината на Холивуд?
20.01.2026
„Ворнер брос“ планира да ја одбие понудата на „Парамаунт“ следната недела
И по изменетите услови и гаранцијата од Лери Елисон, „Ворнер брос“ останува резервиран кон понудата на „Парамаунт“, оценувајќи ја како помалку поволна од онаа на „Нетфликс“.
31.12.2025
Зетот на Трамп се повлекува и од битката за преземање на „Ворнер Брос“
Фирмата на Џаред Кушнер се повлекува од понудата на „Парамаунт“, а упатени извори веќе тврдат дека „Ворнер Брос“ ќе ги повика акционерите целосно да ја одбијат оваа понуда и да ја прифатат онаа што првично ја даде „Нетфликс“...
17.12.2025
Битката за „Ворнер“: Од речиси завршена работа до пазарен пресврт
„Парамаунт“ го обвини „Ворнер“ дека смислено не се вклучил во ниту еден од шесте предлози за преземање поднесени во последните 12 недели.
09.12.2025
Се вжештува битката за „Ворнер Брос“, стигна понуда за купување поддржана од зетот на Трамп
Семејството на милијардерот Лари Елисон и зетот на Трамп стојат зад агресивната контрапонуда што ја направи „Парамаунт“. Но дали „Нетфликс“ е подготвен лесно да се предаде?
09.12.2025
„Парамаунт“ исто така соопшти дека ќе ги обесштети акционерите на „Ворнер Брос“ доколку зделката не биде затворена до 31 декември, со што ја нагласува својата увереност дека договорот ќе добие брзо регулаторно одобрение.
„Ворнер Брос“ и натаму има одредени забелешки за понудата на „Парамаунт“, кои веќе ги има наведено во претходни соопштенија. Сепак, ова е првпат одборот да оцени дека понудата на „Парамаунт“ би можела да резултира со подобар договор или да го натера „Нетфликс“ да ја зголеми својата понуда. Во исто време, компанијата е под притисок од акционерите барем да започне разговори со „Парамаунт“.
„Ворнер Брос“ се согласи да ги продаде своето истоимено студио и стриминг-бизнисот „Ејч-би-о макс“ (HBO Max) на „Нетфликс“, во договор вреден 27,75 долари по акција.
Истовремено, „Ворнер Брос“ забрзано се обидува да одржи гласање на акционерите за договорот со „Нетфликс“, додека „Парамаунт“, сопственик на Си-би-ес и Ем-ти-ви, директно им се обраќа на акционерите на „Ворнер Брос“ преку понуда за преземање од 30 долари по акција и врши притисок врз регулаторите за да ја одобрат неговата зделка.
Bloomberg
И „Парамаунт“ и стриминг-лидерот „Нетфликс“ сигнализирале дека се подготвени да ги зголемат своите понуди за да обезбедат договор за „Ворнер Брос“, една од најголемите медиумски компании во САД. Извршниот директор на „Парамаунт“, Дејвид Елисон, изјави дека актуелната понуда не е негова последна и конечна, додека раководството на „Нетфликс“ им порачало на акционерите дека и тие би можеле да одат со повисока цена.
И двете компании, сепак, внимаваат да не потрошат премногу. Акциите на „Нетфликс“ паднаа за повеќе од 40 отсто од јунскиот врв, откако инвеститорите изразија загриженост околу зделката со „Ворнер Брос“.
Крис Маранџи, коглавен инвестициски директор во „Габели“ (Gabelli Funds), изјави дека, иако бил малку разочаран што „Парамаунт“ оваа недела не ја зголемил цената на понудата, најновите измени на условите покажуваат дека компанијата наоѓа „креативни начини за структурирање на договорот“.
„Како и одборот на ‘Ворнер Брос’, сакам да видам подобрена понуда“, рече Маранџи, чија компанија поседува акции во „Ворнер Брос“.
Доколку „Ворнер Брос“ одлучи повторно да се вклучи во разговори со „Парамаунт“, најпрво ќе треба да го извести „Нетфликс“. Потоа „Ворнер Брос“ би се обидел да го поттикне „Парамаунт“ да ја зголеми понудата над 30 долари по акција. Доколку одлучи дека новата понуда на „Парамаунт“ е подобра, „Нетфликс“ би имал право да ја израмни.
„Парамаунт“ ја активираше аукцијата за „Ворнер Брос“ со непобарана понуда минатата година. Компанијата неколкупати ја зголемуваше цената, пред да загуби на крајот од „Нетфликс“. Раководството на „Парамаунт“ инсистира дека нивната зделка е подобра и во изминатите неколку месеци активно ги придобива регулаторите и акционерите.
Некои од акционерите на „Ворнер Брос“, меѓу кои „Пентвотерт“ (Pentwater Capital Management) и „Анкора“ (Ancora Holdings Group), јавно излегоа со став дека одборот треба да влезе во разговори со „Парамаунт“. Сепак, според последните податоци, на „Парамаунт“ му биле понудени само 42,3 милиони акции, што е помалку од 2 отсто од вкупниот број издадени акции.