text size
Берлин, Франкфурт - Кога возачот Љупчо Митевски и службеникот Маркус Штејн на 27 март годинава излегоа на синдикален протест на улиците во Франкфурт, како што велат, биле горди што „учествувале во историјата“. Не само што беа дел од најголемиот штрајк во изминатите три децении во Германија туку, како ретко во повоената историја, речиси целата нација ја прифати нивната синдикална борба со многу разбирање и поддршка.