text size
Министерот за финансии Фатмир Бесими во април добил за околу 55.000 денари или близу 900 евра повисока плата споредено со март. Тој, исто како и 1.060 функционери, има зголемена плата за 78 отсто. Вчера на брифинг со новинарите Бесими прецизно кажа дека за март на сметката му легнале 71.145 денари, а за април 125.960 денари. Досега само претседателот Стево Пендаровски и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за економија Фатмир Бесими кажаа за колку им е зголемена платата.