text size
Централните банки се како самовилата на забите: нивните политики функционираат само ако јавноста верува во нив. Таа доверба неодамна беше уништена од инфлаторната криза, за време на која луѓето во многу земји се чувствуваа како да легнале со заб под перницата, а се разбудиле не со подарок, туку со уште помалку заби. Затоа, за да ја обноват довербата, особено кај помладите генерации, кои не ги почувствувале многу придобивките од монетарната политика, Федералните резерви (Фед), Европската централна банка (ЕЦБ), Банката на Англија и други се обидуваат да се вклучат во маркетинг-кампањи и да го шират влијанието преку социјалните мрежи.