Цените на недвижностите во Обединетото Кралство во февруари паднаа со најсилното годишно темпо од 2012 година, заострувајќи го падот предизвикан од скокот на хипотекарните каматни стапки.
Просечната цена на домот падна за 1,1 отсто во споредба со истиот месец пред една година, откако претходно во јануари забележа исто толкав раст на годишно ниво, објави утрово „Нејшнвајд билдинг“ (Nationwide Building Society). Тоа го означи шестиот последователен пад на цените на месечно ниво и прв годишен пад од јуни 2020 година.
„Ќе биде тешко за пазарот да врати поголем раст“, рече Роберт Гарднер, главен економист на „Нејшнвајд“. „Изгледа дека спротивставените ветрови ќе останат релативно силни, при што се очекува пазарот на трудот да ослаби како што економијата ќе се намалува во следните квартали, додека хипотекарните стапки остануваат далеку над најниските што преовладуваа во 2021 година“, додаде Гарднер.
Прочитај повеќе
Монако има најскапи луксузни станови, Њујорк го надмина Лондон
Со еден милион долари во Монако може да се купат само 17 квадрати луксузен стан.
01.03.2023
Цените на недвижностите во Сиднеј пораснаа првпат во 13 месеци
Цените на становите во Сиднеј се искачија за 0,3 проценти во февруари, за првпат од јануари 2022 година.
28.02.2023
Каков стан можете да купите за 100.000 евра во Македонија?
Во скопски Центар за 100.000 евра може да се купи стан од 50 до 60 квадрати.
28.02.2023