Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша декрет со кој се утврдуваат нови правила за заострување на контролата врз компаниите што не ги исполнуваат договорите за одбрана во случај да биде воведена воена состојба, што е најнов чекор во подготовките на Кремљ за милитаризација на економијата, додека неговата инвазија на Украина навлезе во втората година.
Според декретот, државата ќе добие овластување да ги преземе фирмите што нема да ги исполнат своите обврски од воените договори за време на периодот на воена состојба, суспендирајќи ги правата на сопствениците и акционерите. Според наредбата, чиј текст беше објавен во петокот, треба да се формира владина работна група за работењето на компаниите за оружје во услови на воена состојба.
Кремљ воведе воена состојба во регионите на Украина што моментално ги окупираат неговите сили, освен Крим. Официјални лица велат дека во моментов нема планови за воведување пошироко ниво и покрај периодичните повици во текот на минатата година да се направи тоа.
Прочитај повеќе
Милијардерот Дерипаска предупреди дека Русија в година може да остане без пари
Милијардерот Олег Дерипаска вели дека Русија би можела да остане со празна каса веќе следната година.
02.03.2023
Најбогатите Руси загубија 67 милијарди долари по една година војна
Станува збор за пад од 20 проценти што е повеќе од четири пати поголем од останатите на индексот на милијардери на Блумберг
26.02.2023
На западните компании им станува сè поскапо заминувањето од Русија
Многу компании најавија заминување по почетокот на војната во Украина, но голем дел од тоа сè уште не се случи.
13.02.2023
Кој е Русинот што најмногу профитира од повлекувањето на странските компании
Иван Таврин ги искористи санкции против етаблираните играчи.
09.02.2023
Русија преживеа година на санкции инвестирајќи како никогаш досега
Русија се обидува да најде начин за излез од економската криза која самата ја предизвика.
08.02.2023
По почетокот на инвазијата минатата година, Русија спроведе законски измени, давајќи ѝ на владата широки овластувања да го контролира однесувањето на компаниите доколку е потребно, наложувајќи што да се произведува и по која цена. Сепак, тоа сè уште не е широко применувана практика.