Какви се трендовите во пекарската индустрија во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате во понеделник во анализата што за овој сектор ја направи аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Прашуваме колкави се најголемите заработки од обложување во Македонија и ги анализираме полугодишните извештаи на компаниите што котираат на Македонската берза.
Во светот се‘ повеќе се посветува внимание на таканаречената циркуларна економија, а главна причина за тоа се ограничените ресурси. Прашуваме каква е состојбата во Македонија и дали воопшто се работи на воведување на овој концепт.
Откриваме какви лекови најчесто се употребуваат во Македонија и дали има зголемување или намалување на количините и на вредноста на лековите што се издаваат на рецепт.
Еден од главните столбови на македонскиот платен биланс се дознаките на нашите иселеници од странство, без кои во изминативе години економската слика во земјава ќе беше многу полоша. Анализираме какви се најновите трендови односно колку пари испраќаат иселениците во земјава.
Појавата на „Тредс“, новата социјална мрежа во режија на технолошкиот гигант „Мета“, која е замислена да биде главен конкурент на „Твитер“ на Илон Маск предизвика огромен интерес кај светската јавност и доби 100 милиони корисници за само неколку дена. Анализираме каков е интересот за оваа мрежа, но и за другите социјални медиуми во Македонија.