Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-декември 2023 година изнесува 8,3 милијарди евра и бележи пораст од 0,3 проценти во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Регионална економија: Таму каде што не удрила политиката, климатските ризици можат
Регионалната соработка и во наредниот период ќе се соочува со редица предизвици, но главната точка од која ќе зависат сите натамошни економски текови ќе бидат климатските промени и ризиците што ги носат. Ова беа главните теми на дебатата што во Скопје ја организираа Амбасадата на Република Словенија, заедно со Здружението на словенечки и македонски претприемачи, Стопанската комора, Институтот за стратешки решенија и „Спирит Словенија“.
Климатските промени носат промени и во работата на банките, кои полека се вртат кон финансирање зелени проекти. Земјава во наредниот период ќе се соочи со енергетската транзиција и за тоа ќе ѝ бидат потребни многу средства. Целиот регион годинава е во знакот на изборите, затоа што речиси во сите земји ќе има гласање, па, оттука, прашањето за влијанието на политика врз бизнисот е неизбежно.
Што е ЕСОП и како може да ги реши кадровските проблеми во стартапите
Стартапите низ светот се борат да привлечат инвеститори и да ги задржат талентираните работници. Германија дава даночни олеснувања за инвеститорите, но и за вработените, кои добиваат акции во компанијата во која работат. ЕСОП (англ. Employee Stock Ownership Plan) само срамежливо влегува во стартап-индустријата во регионот Адрија.
Повеќето од основачите на стартапи низ светот на полноќ спроти 2024 година веројатно мислеле „само не повторувајте ја 2023 година“. Крајот на 2022 година, всушност, даде навестување, а изминатата година го зацврсти впечатокот дека низ светот е прекината низата на златните денови во кои ангелските инвеститори се спуштија на рамото на секој што имаше изедначено формулирана идеја за стартап.
Дали парфемот може да ви помогне да добиете унапредување?
И покрај глобалното забавување што се случува во индустријата на луксузот, категоријата парфеми бележи стабилен раст и дава оптимистичка слика. Најголемиот светски производител и дистрибутер на луксузни парфеми, „Коти“ (Coty), предвидува зголемување на продажбата од 25 отсто за првиот квартал од 2024 годинa.
За тоа е најзаслужна генерацијата зед (Z), тврди извештајот на „Сиркана“ (Circana) што се однесува за потрошувачите на парфеми за 2023 година, бидејќи употребата меѓу членовите на таа целна група значително порасна, зголемувајќи се за 5 проценти минатата година, на 83 отсто. Генерацијата зед ја надминува просечната употреба поради неколку фактори. Потрошувачите на возраст од 13 до 26 години најмногу се истакнуваат кога станува збор за интензивна употреба, односно користење парфем најмалку трипати неделно.
ЕЦБ и БоE не треба да чекаат Фед да ги намали каматните стапки
Со оглед на тоа што американската економија продолжува да ја избегнува рецесијата, Федералните резерви (Фед) се чини дека не брзаат да ги намалат каматните стапки. Но, со оглед на тоа што европските економии покажуваат загрижувачки знаци на замор од монетарното затегнување, тоа е луксуз што Европската централна банка (ЕЦБ) и Банката на Англија (БоЕ) го немаат. Тие не треба да чекаат Фед да го направи првиот потег.
Во Германија, најголемата европска економија, бруто-домашниот производ се намали за 0,3 отсто минатата година, земја со најлошо работење на Групата седум. Се чини дека ќе биде полошо, бидејќи во декември индустриското производство се намали седми месец по ред, заклучно со декември. Втората по големина европска економија, Франција, не е во подобра состојба, бидејќи нејзиниот производствен сектор уште повеќе запаѓа во рецесија.
Австралијците ќе можат да игнорираат повици од работа по работното време
Австралија наскоро ќе ја применува практиката на некои европски нации во давањето право на работниците да се исклучат по работното време, а компаниите ќе бидат соочени со потенцијални казнени последици за повикување или за испраќање е-пошта на своите вработени по завршувањето на работниот ден. Правото на исклучување е дел од големата промена на законодавството за индустриски односи предложено од централнолевичарската лабуристичка влада.
Мерката потенцијално би можела да помине оваа недела, по вчерашниот договор со партијата на австралиските зелени и независните сенатори. Конечната форма на законодавството допрва треба да биде објавена, но, според амандманот предложен од зелените, вработениот сега ќе има право да „одбие да следи, да чита или да одговори на контакт или обид за контакт од работодавец надвор од работното време на работникот, освен ако одбивањето е неразумно“.