Очекувањата од почетокот на годинава дека до средината или евентуално до крајот на 2025 година Еуриборот, каматната стапка по која банките меѓу себе си позајмуваат пари, ќе падне под два отсто, во моментов изгледаат неостварливо.
Шестмесечниот Еурибор во текот на годинава падна на најниско ниво (2,016 отсто) на почетокот на јули, пред состанокот на ЕЦБ, кога креаторите решија да ја дигнат рачната и да го запрат циклусот на монетарно олабавување.
ЕЦБ и во септември не ја промени депозитната стапка и таа остана на нивото од два отсто. Шестмесечниот Еурибор го дочека крајот на септември на ниво од 2,096 отсто, а минатата недела имаше највисока вредност од мај наваму.
Прочитај повеќе

ЕЦБ завршува со намалувањето на каматните стапки
Членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), Габриел Маклуф, изјави дека циклусот на намалување на каматните стапки е при крај.
29.09.2025

Аналитичарите за НЛБ: Се очекува помала добивка, трошоците се најголема непознаница
Поради променетите каматни услови, банките мораа да ги намалуваат каматните стапки за кредитите и во помала мера за депозитите, што пред или потоа се одразува и на добивката. Таа беше на средината на годината пониска на годишно ниво и кај Нова Љубљанска банка (НЛБ), но вредноста на акциите сепак достигна нов рекорд крајот на август.
25.09.2025

Фед ја намали референтната каматна стапка
Федералните резерви ја намалија својата референтна каматна стапка за прв пат од декември 2024 година, но се чини дека администрацијата на Трамп не е задоволна - тие очекуваа поголемо намалување.
17.09.2025

Гвиндос: ЕЦБ ги држи отворени сите опции за каматните стапки
ЕЦБ е подготвена да ја приспособи политиката доколку економската ситуација се промени, дури и ако каматните стапки се соодветни засега, изјави потпретседателот Луис де Гвиндос.
17.09.2025

НБРМ: Каматите остануваат исти, инфлацијата е над проекциите
Последен пат одлука за намалување на каматните стапки НБРМ донесе во февруари годинава
17.09.2025

Намалувањето на каматната стапка во САД ќе означи пресврт на пазарот на трудот
Се очекува функционерите на Федералните резерви да го поддржат ослабениот американски пазар на труд со намалување на каматните стапки во среда, што ќе означи пресврт откако загриженоста околу инфлацијата предизвикана од царините ги држеше на исто ниво цела година.
17.09.2025

Колку чинат 10 години во некоја македонска банка
Истраживме колку варираат понудите за кредити кај македонските банки.
10.09.2025
Во моментов е неизвесно дали ЕЦБ на крајот на годината уште еднаш ќе ја намали депозитната стапка, со оглед на тоа дека податоците за инфлацијата се неповолни, а ефектот од царинските политики на Трамп сè уште не е целосен.
ЕЦБ засега нема да ги менува политиките, инфлацијата во еврозоната забрза
Инфлацијата во еврозоната забрза во септември, што го потврдува планот на Европската централна банка, засега, да не ги менува каматните стапки. Во август стапката ја достигна целта од 2 отсто, но во септември се искачи на 2,2 отсто во однос на лани.
Еден ден пред објавувањето на податоците, претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, ги опиша ризиците за инфлацијата како „доволно ограничени во двете насоки“ – повторувајќи дека во моментов политиките се поставени „на добро ниво“. Тоазначи дека клучната депозитна стапка ќе остане на сегашното ниво од два отсто и по следниот состанок на 30 октомври.
Растот на инфлацијата во еврозоната во септември се должи на повисоките трошоци за енергија и услуги и се смета дека ефектот од нив ќе биде краткотраен.
„Забрзувањето на инфлацијата забележано во септември најверојатно нема да трае. Тоа беше предизвикано од базичниот ефект од цените на енергијата и очекуваме дека главниот показател повторно ќе почне да паѓа во октомври. Погледнато пошироко, мислиме дека зголемувањето на американските тарифи ќе создаде притисок надолу врз инфлацијата во еврозоната и таа во среднорочен период ќе остане под целта на ЕЦБ од 2 отсто“, смета Дејвид Пауел, економист на „Блумберг“ за еврозоната.
Далеку е Америка, вели гувернерот за македонската основна камата
НБРМ до февруари годинава ја следеше политиката на ЕЦБ и од август лани до февруари годинава ја намалуваше референтната камата. Од тој прв состанок на Извршниот одбор на НБРМ годинава досега основната каматна стапка останува непроменета, на ниво од 5,35 отсто, а главната причина е инфлацијата, која е повисока од прогнозите.
Минатата недела, по одлуката на американската централна банка да ја намали основната камата по подолга пауза, гувернерот Трајко Славески, запрашан дали НБРМ ќе ги следи чекорите на Фед се насмеа и рече: „Далеку е Америка“.
Главната причина за „кочницата“ на македонската централна банка останува инфлацијата, која е над проекциите.
„Далеку е Америка, сосема се различни околностите. Ние се раководиме од состојбите што се присутни во нашата економија, процените, проекциите, движењето на стапката на инфлација. Сепак, охрабрува фактот дека податоците за инфлацијата во август беа поповолни од оние во јули, имавме намалување и мислам дека овој тренд ќе продолжи. Ние ќе постапиме соодветно на околностите и на она што сè уште се предизвици од аспект на движењето и на базичната инфлација и за некои непредвидливи шокови во иднина“, рече Славески.
Извршниот одбор на НБРМ до крајот на годината ќе се состане уште двапати, во ноември и декември.
Како се движат банкарските камати?
Според податоците на НБРМ, во август 2025 година просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,90 проценти и е намалена за 0,01 п.п. и 0,54 п.п. на месечна и на годишна основа, соодветно.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во август е повисока за 0,06 п.п. на месечна основа и изнесува 4,48 проценти, додека на годишна основа е намалена за 0,56 п.п.
Пад на месечно ниво бележи и просечната каматна стапка на вкупните депозити, од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п., и изнесува 2,19 проценти, соопшти НБРМ.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,06 отсто и оствари месечен и годишен пад од 0,29 п.п. и 0,37 п.п., соодветно.
Трендот кај стапките за штедење се очекува да остане ист со оглед на тоа што во октомври националната референтна каматна стапка ќе остане на исто ниво како во септември, 2,74 отсто. Оваа стапка е во континуиран пораст годинава.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...