Корпорацијата „Интел“ лансира нова верзија на својот чип за вештачка интелигенција, со цел да ја предизвика „Енвидија“ во еден од најбрзо растечките делови во индустријата за полупроводници. Но, предизвикувањето на „Енвидија“ нема да биде лесно.
Добро утро, ова се петте вести кои се важни за почеток на денот.
Трошењата пред избори по забрзан бројчаник, а нема кој да ги контролира
За три месеци од 2024 година државната каса е во минус за 14,5 милијарди денари, соопшти Министерството за финансии. Според буџетот за годинава, планот за 2024 година беше буџетскиот дефицит да изнесува 33,5 милијарди денари.
Дали трошењето пред избори се интензивира? Според податоците на Министерството за финансии, во првиот квартал од 2024 година се собрани за 4,8 отсто повеќе пари на приходната страна во буџетот споредно со лани. На расходната, пак, се потрошени за 20,1 отсто повеќе пари од 2023 година.Сепак, од Министерството велат дека буџетот е ликвиден и редовно се сервисираат сите обврски. „Финансирањето на дефицитот е обезбедено и се одвива во согласност со планираното со усвоениот буџет за 2024 година во Собранието“.
Анализа: Изборите носат ризик за јавниот долг на Македонија
Владата на аукција на државни записи и обврзници завчера позајми 78 милиони евра. На аукцијата беа понудени и реализирани едногодишни државни записи во износ од 56,9 милиони евра со каматна стапка од 3,8 проценти, 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ 16,2 милиони евра со камата од 5,6 проценти, како и 15-годишни државни обврзници со евроклаузула во износ од 4,8 милиони евра со камата од 5,35 проценти.
Министерството за финансии во проспектот за аукциите информираше дека износот на државни хартии од вредност што достасува за исплата во април годинава е 50,5 милиони евра. Со оглед на тоа што од почетокот на годинава нема месец без нови задолжувања на државата, анализираме каква е состојбата со јавниот долг во Македонија и дали постои опасност од презадолжување.
ББА-анализа: ЕЦБ ќе ги намалува каматите четири пати годинава
Не очекуваме Европска централна банка (ЕЦБ) да ги намали каматните стапки на состанокот неделава, но очекуваме појасен наратив во однос на тоа кога ќе ги намалат каматните стапки. Моменталните изгледи се дека тоа ќе биде јунската седница, па фокусот се префрла на интензитетот на намалувањето до крајот на годината. Тоа е сепак далеку, бидејќи доколку инфлацијата продолжи да забавува и нема изненадувања, очекуваме четири намалувања на каматните стапки во чекори од 0,25 процентни поени до крајот на годината, што веќе значително би ја намалило рестриктивноста на монетарната политика на ЕЦБ, а и товарот на каматните стапки врз економијата.
Инфлацијата во еврозоната се движи кон целта од 2 отсто и во март, според процените, беше на ниво од 2,4 проценти, веќе шест месеци по ред под 3 отсто, што ја охрабрува ЕЦБ подиректно да комуницира за следните чекори.
ММФ размислува да ги намали таксите на големите должници
Со години, Меѓународниот монетарен фонд собра милијарди долари само од такси од своите најголеми заемодавачи, практика која за применува да ги казнува оние на кои им е најпотребна помош. Сега, со повторно полнење на касите и високи каматни стапки, светскиот заемодавател во краен случај размислува да им даде одмор на должниците.
ММФ објави изјава минатата недела во која се вели дека „голем број“ од неговите членови на одборот се отворени за прегледување на политиките околу доплатите, таксите што им ги наплатува на нациите кои позајмуваат повеќе од доделениот удел или им треба подолго време за да ги вратат. Стапките се искачија над осум процнти на некои заеми, со товарот што го носат неколку земји, вклучувајќи ги Аргентина, Египет и Украина, над шест милијарди долари.
„Фич“ ја намалува прогнозата за Кина од стабилна во негативна
„Фич“ ја ревидираше кинеската перспектива во негативна од стабилна, велејќи дека владата најверојатно ќе натрупа долгови додека се обидува да ја извлече економијата од забавувањето предизвикано од недвижностите. Растечката несигурност за изгледите за втората по големина економија во светот, во услови на настојување на Пекинг да го направи растот помалку зависен од домувањето, „може да го задржи долгот во постојан нагорен тренд“, објави „Фич“ во средата.
Кинеската влада, која зборуваше за изгледите за пресврт во економијата, брзо се повлече - велејќи дека рејтинг компанијата не ја одразила улогата на фискалната политика во зајакнувањето на растот, што помага да се стабилизираат должничките оптоварувања. Финансиските пазари не беа вознемирени, при што приносот на 10-годишните државни обврзници на Кина малку се промени на околу 2,29 отсто, а јуанот исто така е стабилен. Одлуката на Фич се совпадна со слична одлука на реитинг агенцијата „Мудис“ во декември.