Количеството на јаглен што се троши продолжува да расте. Според „Ембер“, центар за истражување на климата, јагленот е највалканото фосилно гориво, најголемиот извор на електрична енергија и сочинувал 35 отсто од глобалното производство во 2023 година. Природниот гас е втор, со повеќе од 22 отсто.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Анализа: Висината на пензиите е најмал проблем за македонскиот пензиски систем
Низ годините американскиот сон изгледаше сосема остварливо - да поседуваш своја куќа и автомобил и да дочекаш пензија. Сега, ова последното се доведува во прашање. Речиси двајца од тројца Американци повеќе се плашат дека ќе останат без пари отколку од смрт, покажува годишната студија за пензионирање од 2024 година на компанијата за осигурување живот „Алијанц“.
Таквиот страв е најголем кај лицата од генерацијата икс односно оние на возраст од 44 до 59 години. Дури 71 отсто од нив се плашат за пензионерските денови. Што се однесува до Македонците, размислувањето за пензијата е пасивно, стекнато уште во времето на социјалистичкиот систем. Ваквите ставови се пренесуваат и кај помладата генерација, која очекува сигурна државна пензија и поради тоа не покажува интерес за состојбата на личните сметки во вториот столб и приносите што ги остваруваат друштвата што управуваат со тие средства.
Каков модел на пензиско осигурување може да го „спаси“ ПИОМ?
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) одамна би банкротирал доколку не се трансферите од државниот буџет со кои секоја година се пополнува дупката што се јавува меѓу изворните приходи на Фондот (придонеси за осигурување, дивиденди, акциза и други) и парите потребни за исплата на пензии.
Всушност, со години придонесите од осигурување се најголем извор на приходи на Фондот, а веднаш на второто место се трансферите од буџетот, кои редовно зафаќаат над 35 проценти од неговите вкупни приходи. Поради тоа се наметнува дилемата како најновото зголемување на пензиите од 2.500 денари ќе влијае врз и онака лошата финансиска кондиција на државниот фонд.
Анкета на „Блумберг“: Стратезите од Волстрит очекуваат рекорди на европските акции
Августовските превирања на финансиските пазари ги оставија стратезите незаинтересирани за изгледите за европските акции, кои се очекува да достигнат рекордни вредности оваа година. Се очекува индексот Stoxx Europe 600 да ја заврши годината на 535 поени - околу 4,6 проценти над затворањето во петокот, според просечната проценка на 16 стратези кои учествуваа во анкетата на „Блумберг“ (Bloomberg). Тоа значи надминување на рекордот поставен уште во мај.
Европските акции брзо ги повратија загубите бидејќи глобалните пазари закрепнаа по епизодата на дивата нестабилност на почетокот на август. Измешаните економски податоци и драматичното раздвижување на тргувањето не беа доволни за трајно да го попречат релито, при што инвеститорите се залагаат за намалување на каматните стапки за да го поддржат вреднувањето на капиталот.
Бројот на банкроти покажува дека економијата на ЕУ сè уште е нестабилна
Енергетската криза, која влијаеше на растот на инфлацијата, каматните стапки и економското забавување, сè уште се одразува лошо на европската економија. И покрај првото намалување на каматните стапки од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) во јуни, податоците на „Евростат“ покажуваат дека бројот на банкротирани компании во Европската Унија (ЕУ) продолжува да расте, додека бројот на нови се намалува.
Во извештајот на „Евростат“ се наведува дека во вториот квартал од годинава бројот на прогласен стечај на компании во ЕУ е зголемен за 3,1 отсто во однос на првиот квартал од 2024 година. Истовремено, регистрациите на фирмите се намалени за 2,1 отсто. Сегашниот број на корпоративни стечајци е најголем во последните неколку години.
ЕУ воведува царина од девет проценти за автомобилите на „Тесла“
Европската Унија планира да воведе царина од девет проценти за автомобилите на „Тесла“ увезени од Кина, бидејќи ги известила производителите на автомобили за својата нацрт-одлука да продолжи со дефинитивните тарифи за електричните возила што се испорачуваат од земјата.
Додека блокот се обидува да се спротивстави на субвенциите што Пекинг ги дава на индустријата, официјалните лица рекоа дека ќе продолжат да се консултираат со производителите.Предложените тарифи се малку ревидирани, при што производителот на „МГ саиц“, „Волво“, „Гели“ и БЈД се соочуваат со дополнителни давачки од 36,3 отсто, 19,3 отсто и 17 отсто, соодветно.