И покрај фактот што каматните стапки во Кина се на рекордно ниско ниво, ќе се случи првата емисија на корпоративниот долг со променлива каматна стапка по повеќе од четири години.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Ќе остане ли Македонија само со две домашни банки?
На почетокот на неделава почна да тече рокот во кој акционерите на „Стопанска банка Битола“ треба да се изјаснат за понудата за преземање од страна на „Комерцијална банка“, која предвидува откуп на сите акции од битолската банка по цена од 3.200 денари за акција.
Рокот за прифаќање на понудата истекува на 22.9.2024 година, а таа ќе се смета за успешна доколку бидат преземени 261.956 акции, што претставува 67 проценти плус една акција од 390.977 обични акции, колку што се издадени од „Стопанска банка Битола“. Од исходот на овој обид за преземање ќе зависи и дали новото прегрупирање ќе го намали бројот на банки во Македонија што се во приватна сопственост на домашни акционери.
Владата ќе се задолжи 65 милиони евра преку аукција на записи и обврзници
Министерството за финансии преку две аукции на државни записи и обврзници, закажани за 3 септември годинава, планира да се задолжи за вкупен износ од четири милијарди денари (65 милиони евра). Се предвидува на аукција да бидат понудени 15-годишни државни обврзници во вкупен износ од 1,5 милијарда денари (24,3 милиони евра) и купонска каматна стапка од 5,6 проценти.
На втората аукција ќе бидат понудени едногодишни државни записи во износ од 2,5 милијарди денари (40,7 милиони евра) и камата од 3,8 проценти.„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека Македонија подолг период е влезена во циклус на задолжувања на домашниот и на странските пазари на капитал, што во изминативе години го вивнаа јавниот долг на земјата.
„Енвидија“ е монопол. Тоа си има своја цена. Која е нејзина?
За феноменот „Енвидија“ се пишуваше многу, дури и на „Блумберг“, но и пошироко. Откако ЧетГПТ беше лансиран во ноември 2022 година, пазарната капитализација на „Енвидија“ порасна за повеќе од три трилиони долари. Нејзините летни промени на цените на акциите доведоа до огромни суми на изгубени и повторно заработени пари.
Тој пораст ја претвори компанијата во движечка сила во S&P 500, од кој сега отпаѓа повеќе од шест проценти. Нема преседан една компанија да достигне толкава тежина толку брзо. Ова додава нестабилност на индексот и ја претвори „Енвидија“ во критичен двигател на пазарот. Затоа, резултатите ќе се третираат речиси како макро настан. Пондерирањето на „Енвидија“ во индексот S&P 500 се зголеми за пет пати од лансирањето на ЧетГПТ.
Европскиот пазар на гас: доволно може да не е доволно
Испораките на гас во Европа се полни, а регионалната побарувачка паѓа на нивоа што не се забележани од раните 1980-ти. Сепак, цените на бензионот остануваат многу високи, неодамна достигнаа највисоко ниво во последните осум месеци. Причината? Да се има доволно гас денес можеби не е доволно ако се случи нешто неочекувано - да речеме, ненадеен пад на температурата или прекин во снабдувањето од Русија. А малкумина се подготвени да се обложат дека сè ќе оди добро.
Гледајќи ја количината на гас што Европа ја инјектира под земја за употреба во зимата 2024-2025 година, сè изгледа добро. Полнењето достигна внимателно следени 90 проценти од вкупниот капацитет на 19 август, 10 недели пред официјалната цел од 1 ноември. Во теорија, тоа треба да биде доволно за да се ублажи сезонскиот скок на побарувачката. Но, ако погледнеме подобро, има причини за претпазливост.
„Епл“ ги менува приоритетите и отпушта во секторот на дигитални услуги
„Епл“ (Apple) го презеде невообичаениот чекор со отпуштање на околу 100 вработени во својот оддел за дигитални услуги како дел од промената на приоритетите во клучниот оддел, изјавија извори запознаени со ситуацијата во компанијата.
Компанијата во вторникот ги известила засегнатите вработени, кои работеле во различни тимови во одделот предводен од постариот потпретседател Еди Кју, рекоа изворите, кои сакаа да останат анонимни, бидејќи потегот сè уште не е официјално објавен.Отпуштањата вклучија и некои инженерски позиции, а најпогодени се тимовите одговорни за „Епл Букс“ и „Епл Букстор“. Имаше и отпуштања во други сервисни тимови, вклучително и за Епл њуз.