Претседателот на „Мајкрософт“ (Microsoft Corp.), Бред Смит, предупреди дека опасноста од странско мешање во изборите во САД ќе се зголеми во последните два дена од претседателската кампања.
„Најопасниот момент ќе биде, мислам, 48 часа пред изборите“, изјави Смит пред Комитетот за разузнавање на Сенатот во средата.
Смит рече дека „треба да се научи лекцијата“ од изборите во Словачка минатата есен, кога лажна аудиоснимка на еден од водечките кандидати кружеше на интернет неколку дена пред изборите.
Прочитај повеќе
Во „Ферари“ за влакно избегната дипфејк измама што го имитирала извршниот директор
Директор во „Ферари“ (Ferrari NV) почнал да добива куп неочекувани пораки, навидум од извршниот директор.
26.07.2024
„Мајкрософт“ им нуди помош на политичарите против длабоко лажни содржини пред изборите во САД
Компанијата им нуди на американските политичари и изборни штабови алатка што има цел да помогне во борбата против порастот на лажни визуелни содржини.
08.11.2023
Ќе знаеме ли што е вистина кога ВИ ќе загосподари со нашите уреди
Eволуцијата на паметните уреди со себе носи мноштво нови ризици и закани, кои корисниците можеби не ги сфаќаат доволно сериозно.
12.09.2024
Странски актери веќе шират лажни видеа и објави за да предизвикаат раздор околу претседателските избори во САД, сведочеа Смит и други извршни директори на најголемите технолошки компании во земјата.
Смит рече дека „Мајкрософт“ во средата идентификувал „видео обработено со вештачка интелигенција“ од руска група, каде што потпретседателката Камала Харис изговара зборови што не ги кажала на неодамнешен митинг.
Групи од непријателски земји, вклучувајќи ги Русија, Кина и Иран, ширеле лажни информации и извештаи за кампањите на Харис и Доналд Трамп, изјавија извршните директори.
Сведочењето вклучуваше изјави од Смит, претседателот и главен правен директор на „Алфабет“ (Alphabet Inc.), матичната компанија на „Гугл“, Кент Вокер и од Ник Клег, претседател за глобални прашања на „Мета“ (Meta Platforms Inc).
Вокер изјави дека новитетите во развојот во вештачката интелигенција делумно го обликуваат овие напади.
„Гледаме дека некои странски државни актери експериментираат со генеративна вештачка интелигенција за усовршување на постојните сајбер-напади, како што се пробивање слабости или создавање мејлови со целен фишинг (англ. spear phishing)“, изјави Вокер. „Генеративната ВИ се користи за поефикасно создавање лажни веб-страници, погрешни вести и роботски објави на социјалните мрежи“.
Сослушувањето во Комитетот за разузнавање на Сенатот, фокусирано на странското мешање во изборите во САД, следува по извештај на „Мајкрософт“ што откри дека руските напори за влијание врз изборите во САД се пренасочиле кон оцрнување на Харис со изменети и манипулирани видеа. „Мета“ во вторникот исто така објави дека го забранила рускиот медиумски канал „Раша тудеј“ (Russia Today) поради „странско мешање“.
Администрацијата на Бајден и најголемите технолошки компании престанале да комуницираат за заканите преку интернет за изборите во САД во текот на изминатата година, чекајќи пресуда во случајот „Марти против Мисури“ (Murthy v. Missouri), кој се фокусираше на тоа дали е уставно владините службеници да бараат од социјалните медиуми да отстранат одредени објави.