Американските претседателски избори најверојатно ќе бидат одлучени од само неколку илјади гласачи во неколку држави кои се познати како превртливи, колебливи (англ. swing) држави.
На повеќето места, нема многу сомнежи околу тоа дали демократката Камала Харис или републиканецот Доналд Трамп ќе ги освојат гласовите на Изборниот колегиум на одредена држава, дури и пред отворањето на гласачките места. Затоа кампањите на Харис и Трамп го насочија најголемиот дел од своето време и пари кон мал број држави каде што трката е навистина конкурентна.
Што е колеблива држава?
Прочитај повеќе

Агелер: Гласав на изборите во САД, очекувам мирна транзиција на власта
Како амбасадорка во Македонија мојата порака е дека е од витална важност секој граѓанин да излезе да гласа, посочи Анџела Агелер.
05.11.2024

Трамп наспроти Харис: Во какво утро ќе се разбудиме
Со оглед на блиската трка помеѓу кандидатите, треба да се потенцира дека можеби нема да откриеме кој ќе се пресели во Белата куќа утре во 6 часот.
05.11.2024

Трамп или Харис: Каква ќе биде валутната политика?
Американските гласачи денеска ќе изберат нов претседател, какво влијание би имале Камала Харис и Доналд Трамп на валутниот пазар?
05.11.2024

Избори во САД: Се буди стравот кај инвеститорите
Што ги движи приносите и што ќе донесат Доналд Трамп или Камала Харис по претседателските избори.
05.11.2024
Ова е политичка класификација за држави како Мичиген, Пенсилванија и Висконсин, каде што двете партии имаат слични нивоа на поддршка и кои гласале за двајцата, и за демократските, и за републиканските кандидати на претходните претседателски избори.
Со оглед на тоа што американските гласачи се сè повеќе поделени, бројот на вистински колебливи држави се намалува и остануваат само неколку во кои постои неизвесност за исходот на претседателската трка. На пример, нема шанси Трамп да го освои Масачусетс, или Харис да победи во Оклахома.
Само 15 држави промениле страна овој век
Bloomberg
Двете партии можат да сметаат на одреден број гласови во Изборниот колегиум врз основа на државите што речиси сигурно ќе ги освојат, како 11-те гласови од Масачусетс за демократите и седумте од Оклахома за републиканците. Затоа тие се борат за превртливите држави за да достигнат 270 гласови потребни за да ја освојат претседателската функција.
Колку колебливи држави има?
Точниот список може да варира, но политичките аналитичари генерално идентификуваат седум клучни колебливи држави оваа година: Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.
Тоа се државите во кои на изборите во 2020 година Трамп и Џо Бајден имаа блиски резултати, а имаат и историја на компетитивност. Во 2016, на пример, Трамп победи во Мичиген, Пенсилванија и Висконсин со вкупно 77.744 гласа, додека Бајден победи во сите три држави во 2020.
Што имаат заедничко колебливите држави?
Генерално, тие се економски и културно различни и, во некои случаи, претставуваат микрокосмос на САД.
Земете ја Пенсилванија, можеби најпосакуваната превртлива држава со нејзините 19 електорски гласови. Во 2024, и двајцата кандидати ја гледаат како толку важен дел од нивниот пат до победата што дел од своето завршно време за митингување го минаа токму таму.
Оваа сојузна држава има мешавина од урбани региони како Филаделфија и Питсбург и големи рурални области. Има разнолика економија, а нејзиниот демографски профил е сличен на оној на цела САД.
Дали листата на колбливи држави се менува?
Да. Пред неколку децении, имаше приближно двојно повеќе вакви држави отколку сега. Но, бројот се намалува како што земјата станува сè повеќе поделена.
Од 2000 година, 15 држави ја сменија партијата од едни избори до други. Во 2024, двајцата кандидати се борат за седум држави, а изборите би можеле да се сведат на само две или три. Во рамките на тие држави, со постојаното раздвојување на републиканците и демократите, има малку места што се навистина изедначени, бидејќи „црвените“ окрузи стануваат сè поконзервативни, а „сините“ сè полиберални.
Охајо беше некогаш пример за колеблива држава која гласала за победничкиот кандидат на секои избори од 1964 до 2016. Но, стана сигурно републиканска во последниве години.
Кампањите понекогаш се насочуваат кон држава за која сметаат дека станала поизедначена или во која се промениле демографските услови. На пример, Минесота не гласала за републиканец за претседател од Ричард Никсон во 1972. Но, Трамп ја загуби државата за помалку од два процента во 2016 и водеше кампања таму.
А потоа е и Ајова. Според анкетата од Des Moines Register/Mediacom објавена на 2 ноември, Харис има изненадувачко водство од 47 наспроти 44 отсто во оваа држава. Ова ги охрабри демократите, кои не ја освоиле државата од 2012.
Што велат анкетите за превртливите држави?
Анкетата на Bloomberg/Morning Consult објавена на 23 октомври покажува дека двата кандидата се изедначени. Подемот на поддршката за Харис веднаш откако го замени Бајден на листата во крајот на јули, сега се стабилизираше.
Кој ви е најгорлив проблем поради кој ќе гласате на изборите во 2024-та?
Bloomberg
Околу 50 отсто од гласачите во колебливите државите, кои постојано ја истакнуваат економијата како нивен главен проблем, велат дека му веруваат на Трамп повеќе за да ја води американската економија, во споредба со 45 отсто за Харис.