text size
„Глобалните финансиски кризи на кои сведочиме во последните десет години нè научија една клучна работа: што и да се случи, успеваме да го пребродиме. Тоа се случи и во текот на пандемијата, која ја следеше висока инфлација“, истакна главниот аналитичар на „Блумберг Адрија“, Андреј Кнез, на меѓународната конференција на темата „Од кризен менаџмент до нов оптимизам“, која се одржува во Блед, Словенија, во организација на „Блумберг Адрија“ и бизнис-школата ИЕДЦ (IEDC).
„Се враќаме на понормален начин на дејствување на финансискиот систем со помалку вишоци ликвидност и високи камати“, рече Кнез.