text size
На 14.215 македонски граѓани лани им биле издадени дозволи за престој по прв пат во Европската Унија, што е намалување во однос на 2019 година кога вакви дозволи им биле издадени на 26.653 граѓани, покажуваат новите податоци на европската статистичка организација „Еуростат“. За време на пандемиската 2020 година дозвола за престој во ЕУ по прв пат добиле 16.393 македонски граѓани. Во овој тригодишен период семејните причини биле најчесто образложение за добивање дозвола за престој.