text size
Индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи зголемување од 5,7 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.0 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Статистичките податоци само ги потврдија стравувањата дека војната на Блискиот Исток ќе се почувствува и во Македонија главно преку растот на цените на нафтените деривати и следствено на повеќето производи и услуги.