text size
Народната банка соопшти дека вовела привремена администрација во „Алта банка“ АД Битола исклучиво поради случувањата поврзани со нејзиниот акционер со квалификувано учество, „Алта банка“ АД Белград. Од централната банка нагласуваат дека воведувањето привремена администрација не значи затворање на „Алта банка“ АД Битола, ниту активирање на механизмот за исплата на депозитите преку Фондот за осигурување депозити.