Нестабилниот и непредвидлив американски претседател Доналд Трамп минатата недела со своите најави за царини, нивни воведувања и одложувања предизвика вистинска берзанска бура.
„Тешко е да се предвиди кои ќе бидат неговите следни чекори и какви ќе бидат последиците, некои работи се менуваат буквално преку ноќ, што не им се допаѓа на инвеститорите. Резултатот е нестабилност на пазарот“, го објасни падот на берзите на почетокот на неделата Матијаж Длеск, виш управител за заеднички фондови при „Триглав фондови“.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Како ќе влијаат американските царини врз цените на храната
Доколку САД воведат царини што влијаат на земјоделските и прехранбените производи, европските компании што зависат од американскиот пазар би можеле да забележат намалена продажба, повисоки извозни трошоци и евентуално преориентација на други пазари.
„Нестле“, „Данон“ и „Унилевер“ се меѓу најзагрозените, додека секторот за земјоделски хемикалии исто така би можел да биде под притисок.
Ви претставуваме три сценарија, во кои само првото води до намалување на цените на земјоделските производи.
Растат земјоделските субвенции, но и увозот на храна
Најголем дел од зголемената поддршка за земјоделството во 2027 година, исто како и досега, ќе заврши како директни плаќања или т.н. субвенции за земјоделците. По овој основ, на сметките на земјоделците годинава ќе легнат над 109 милиони евра, во 2027 година сумата ќе стигне до близу 120 милиони.
Покрај силна државна поддршка, земјава ги поседува сите важни услови за создавање земјоделска храна, рече неодамна на трибина за состојбите во аграрот министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.
Од друга страна, за период од десет години увозот на земјоделско-прехранбени производи е зголемен трипати. Негативниот биланс во 2014 година изнесувал околу 150 милиони евра, а во 2023 година надминал 430 милиони евра.
Време ли е за продажба на акции?
Ризиците за растот во САД се зголемуваат, особено по случувањата што следуваа откако Доналд Трамп беше инаугуриран за претседател, а новата администрација повлече низа мерки што имаат силно влијание. Трговската војна на претседателот може да ги зголеми цените за веќе затегнатите потрошувачи.
Но, како што акциите пораснаа во средата, експертите што знаат како се прави богатство имаат добар совет за плашливите инвеститори: Не паничете и немојте да ги повлекувате инвестираните пари.
Советниците со кои разговараше „Блумберг“ велат дека инвеститорите треба да ги преиспитаат своите позиции и да бараат можности што може да ги понуди распродажбата на акции.
Жени кои се етаблираа во „машкиот“ свет на инвестиции
Инвеститорките денес се сè повеќе присутни на пазарот на капитал, каде што се препознава нивното влијание и придонес во различни индустрии. Многу жени денес успешно водат инвестициски компании и управуваат со фондови или инвестираат на личен план, при што се соочуваат со различни предизвици со кои се среќаваат во индустријата во која историски доминирале мажите. Еден од нив често сè уште е родовата дискриминација.
Дали постои родова дискриминација кога станува збор за инвестирање и колку е очигледна? Земајќи ги предвид биолошките, психолошките и општествено условените карактеристики на половите, постои уверување дека жените се повнимателни при инвестирање, додека мажите се посклони кон ризични вложувања. Тоа го потврдуваат и резултатите од различни студии. Истражување на финансиската истражувачка организација „Морнингстар“ (Morningstar) од 2022 година, на пример, докажа дека жените се посклони кон конзервативни и долгорочни инвестиции, додека мажите се посклони кон ризични вложувања.
Во Пекинг децата ќе одат на часови по вештачка интелигенција
Училиштата во Пекинг ќе воведат курсеви за вештачка интелигенција за учениците од основните и средните училишта за да ја зајакнат целта на Кина да доминира во секторот.
Од претстојниот есенски семестар, кој започнува на 1 септември, училиштата во главниот град на Кина ќе нудат најмалку осум часа по вештачка интелигенција годишно, се вели во соопштението на Општинската комисија за образование. Училиштата можат да ги водат како самостојни курсеви или да ги интегрираат со постоечките наставни програми, како што се информатичка технологија и наука, се вели во извештајот.