text size
Стапката на инфлација во Велика Британија падна трет месец по ред, останувајќи тврдоглаво двоцифрена пет пати над целното ниво на Банката на Англија (БоЕ). Индексот на потрошувачките цени во јануари се зголеми за 10,1 отсто на годишно ниво, што е намалување од 10,5 проценти, колку што беше претходниот месец. Највисокото инфлаторно ниво во последните 41 година во Велика Британија беше достигнато во октомври лани, кога цените на годишно ниво пораснаа за 11,1 проценти.