Економијата на еврозоната сепак избегна зимска рецесија, бидејќи ревидираните податоци покажуваат дека на почетокот на годинава нејзината економија стагнирала, па не се остварени два последователни месеца на пад на бруто-домашниот производ.
Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Производството во 20-члената монетарната унија останало непроменето во првиот квартал, според ажурираните податоци објавени од „Евростат“ во четвртокот. Ова е повисоко од првично проценетите -0,1 отсто, поради што беше пресметано дека еврозоната влезе во првата техничка рецесија по пандемијата.
Квартални движења на БДП на еврозоната од 2020 година. Стапката на раст за првиот квартал од 2023 година е променета од -0,1 отсто на 0Bloomberg
„Без разлика дали еврозоната влезе во рецесија или не во текот на зимата, изгледите остануваат мрачни и укажуваат на економска слабост“, вели Џејми Раш, главен економист за Европа во „Блумберг економикс“ (Bloomberg economics). „Слабеењето на ефектите од шокот во енергетскиот сектор дава простор за заострување на монетарната политика. Тоа ќе ја забави економијата до крајот на годината“, додаде тој.
Отпорноста на Германија како мотор на европската економија слабее и неопходна е длабока трансформација.
26.05.2023
Преработувачкото производство беше најголем товар за економскиот раст. Инфлацијата го оптоварува и регионот, иако стапката на раст на цените е речиси преполовена во однос на октомвриските 10,6 отсто. Европската централна банка (ЕЦБ) најверојатно следната недела повторно ќе ги зголеми трошоците за задолжување.
„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.
Откако Народната банка почна да ја олабавува монетарната политика во септември 2024 година, деловните банки следствено почнаа да ги намалуваат каматните стапки за кредитите.
Во светот целосната промена на кариерата стана нормална односно секојдневна појава. Претставуваме примери кои покажуваат дека тоа е можно и во Македонија.
Внесете ја вашата имејл-адреса на која ќе ви испратиме линк за ресетирање на лозинката.
Надминат е максималниот број уреди. Ако сте сопственик на сметката, кликнете на „Испрати најавување со е-пошта“ за да добиете е-пошта со врска за најавување. Откако ќе ја следите врската, ќе можете да управувате со уредите поврзани со вашата сметка.