Германската инфлација се намали повеќе од предвиденото во ноември поради пониските трошоци за енергија и патувања, исполнувајќи ја целта на Европската централна банка од два отсто.
Потрошувачките цени се зголемија за 2,3 отсто во однос на лани – што е помалку од трите проценти во октомври и помалку од очекуваните 2,5 отсто на економистите во анкетата на „Блумберг“. Тие паднаа за 0,7 отсто на месечна основа, а само пакет-аранжманите се одговорни за падот од 0,15 процентни поени.
Германските обврзници ги зголемија добивките, при што приносот на двегодишниот долг падна за седум базични поени, на 2,85 отсто.
Порастот на добивките започна откако Шпанија претходно во средата објави слично забавување на инфлацијата. Податоците за Франција, Италија и 20-члената еврозона треба да бидат објавени во четврток. Се проценува дека инфлацијата ќе се намали на 2,7 отсто што е најниско ниво од јули 2021 година.
Иако носат позитивни вести за ЕЦБ, бројките веројатно нема да ги охрабрат официјалните лица да бидат целосно јасни додека се подготвуваат за конечниот состанок.
Претседателката Кристин Лагард во понеделникот повтори дека инфлацијата е сè уште превисока и дека трае предолго. Дополнително, ценовните притисоци се очекува повторно да се интензивираат од декември. „Блумберг Економикс Наокаст“ прогнозира инфлација од 4,2 отсто следниот месец во Германија.
Новите проекции на ЕЦБ што треба да се појават на 14 декември ќе понудат увид во тоа колку брзо – и одржливо – инфлацијата би се вратила на два отсто. Тоа би требало да им помогне на креаторите на политиката да ги обликуваат своите планови за следната година, при што инвеститорите се обложуваат на намалување на стапката уште во април.
Што велат од „Блумберг Економикс“ …
„Ноемвриското читање дополнително треба да ја убеди ЕЦБ да ги остави каматните стапки непроменети на следниот состанок. Скокот во декември, заедно со ризиците од зголемување на инфлацијата во наредните месеци, може да ја зголеми загриженоста на централната банка за пребрзо намалување на каматните стапки.
- Мартин Адемер, економист.
Во Германија, претседателот на Бундесбанката, Јоаким Нагел, предупреди да не дојде до прерано откажување од борбата против инфлацијата. Официјалните лица не можат да претпостават дека ценовните притисоци ќе продолжат да се намалуваат толку брзо како што се случи во текот на изминатата година, рече тој во вторникот.
Инфлацијата во најголемата европска економија треба да флуктуира околу нејзината сегашна вредност, објави Бундесбанк во последниот месечен извештај. Додека храната веројатно ќе го ублажи притисокот на цените, услугите веројатно ќе останат двигател на инфлацијата, а влијание може да има и енергијата.