Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс глобал рејтингс“ (S&P Global Ratings) го намали рејтингот на Франција, нанесувајќи уште еден удар врз кредибилитетот на земјата бидејќи ослабената малцинска влада се бори да донесе закон за справување со зголемениот долг.
Непланирано, фирмата го намали рејтингот на Франција на А+ од АА-, посочувајќи дека неизвесноста во буџетот на земјата „останува висока“ и покрај поднесувањето на нацрт-буџетот за 2025 година.
Намалената оценка значи дека Франција го изгуби својот двоен А рејтинг кај два од трите главни кредитни оценувачи за нешто повеќе од еден месец, што потенцијално ги принудува некои фондови со ултрастроги инвестициски критериуми да ги продадат обврзниците на земјата.
Прочитај повеќе

Францускиот премиер Лекорну го преживеа гласањето за недоверба
Лекорну издржа двоен удар во парламентот – ја спаси владата со повлекување на пензискиот закон и ветување за дијалог.
16.10.2025

Македонија со стабилен кредитен рејтинг според „Фич“, BB+
Агенцијата „Фич“ повторно ѝ даде доверба на македонската економија – го потврди кредитниот рејтинг BB+ со стабилен изглед. Инвеститорите препознаваат стабилност, а фокусот е на крупните проекти и ЕУ интеграциите.
20.09.2025

Американските акции и обврзници повторно под притисок по одлуката на „Мудис“
Турбулентен почеток на трговската седмица по одлуката на „Мудис“ за намалување на кредитниот рејтинг на САД.
19.05.2025

Агенцијата „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на САД
Државата во изгуби највисокиот рејтинг „тројно А“
17.05.2025

Кредитниот рејтинг на Унгарија на работ на ѓубре поради плановите за трошење на Орбан
„СП Глобал Рејтингс“ во февруари предупреди дека Виктор Орбан се коцка со здравјето на унгарската економија со удвојување на трошоците пред изборите следната година.
12.04.2025

Во рангирањето на S&P, земјата - која има стабилни изгледи - сега е на исто ниво со Шпанија и Португалија. Следната закажана проценка на рејтингот за Франција е од страна на „Мудис“ (Moody’s) за на 24 октомври.
Франција претрпе низа падови на рејтингот во последните недели, вклучително и намалувања од „Фич“ (Fitch) и ДБРС (DBRS), бидејќи долготрајната политичка нестабилност ризикува да се претвори во криза на јавните финансии.
Националното собрание минатата година смени двајца премиери поради нивните буџетски планови откако предвремените избори го поделија домот на повеќе малцински групи. Последниот премиер, Себастијан Лекорну, успеа да остане на функцијата само заради тоа што се согласи на барањата на опозициските пратеници за контрола на дефицитот и суспендирање на пензиската реформа на претседателот Емануел Макрон, која имаше за цел да ги зајакне јавните финансии.
39-годишниот премиер, исто така, се откажа од користењето на уставната алатка позната како член 49.3 на која претходните влади се потпираа за да ги заобиколат гласањата за финансиското законодавство. Тоа создава неизвесност околу тоа како расцепканите пратеници ќе можат да се договорат за буџетот за 2026 година до крајот на годината во време кога се потребни непопуларни намалувања на трошоците или зголемување на даноците за да се контролира дефицитот.
Bloomberg Mercury
Првичниот нацрт-закон што Лекорну го поднесе до парламентот овој месец има за цел намалување на буџетскиот дефицит на 4,7 проценти од економското производство од 5,4 отсто колку што е оваа година. Но, тој рече дека пратениците имаат слобода да преговараат за поширока цел, сè додека дефицитот остане во рамките на пет отсто и Франција сè уште може да ја исполни својата долгорочна цел од три отсто до 2029 година. S&P изјави дека очекува буџетскиот дефицит следната година да се намали само малку, на 5,3 отсто.
„Франција ја доживува својата најтешка политичка нестабилност од основањето на Петтата Република во 1958 година“, посочи S&P. „Дури и ако се распишат предвремени парламентарни избори и се добие јасно мнозинство во Националното собрание, нема гаранција дека ова ќе го олесни патот за кредибилен среднорочен план за фискална консолидација или спроведување на економски реформи.“
Потврдувајќи го намалувањето на рејтингот, министерот за финансии Роланд Лескир ја потврди решеноста на владата да ја исполни целта за дефицит од 5,4 проценти за оваа година и рече дека Франција останува посветена на намалување на јазот под три отсто од БДП до 2029 година.
Тој во интервју за радиото „Франс инфо“ (Franceinfo) денеска рече дека намалувањето е „повик за сериозност“. Владата предложи буџет што следната година треба да достигне 4,7 отсто, но тој додаде дека тоа мора да биде усвоено со гласање во парламентот.
„Не одлучувам за исходот од натпреварот пред да се одигра“, рече Лескир. „Оваа дебата започнува в понеделник во комисијата и продолжува до крајот на годината. Навистина зависи од нас и кога велам „ние“, и владата и парламентот се тие што треба да ги убедат набљудувачите - агенциите за рејтинг и финансиските пазари.“
Bloomberg Mercury
Политичките и фискалните предизвици на Франција откако Макрон ги распиша изборите во јуни 2024 година предизвикаа распродажба на француски средства, зголемувајќи ги трошоците за задолжување на земјата.
Разликата помеѓу приносите на француско-германските 10-годишни обврзници - клучна мерка за ризик - се зголеми за над 85 базични поени во последните недели, од помалку од 50 пред предвремените избори.
Премијата се намали на околу 78 откако Лекорну ги преживеа гласањата за недоверба кога минатата недела вети дека ќе ја суспендира пензиската реформа на Макрон, која постепено ја зголемуваше минималната возраст за пензионирање од 62 на 64 години.
Лекорну рече дека суспензијата на пензиската реформа до следните претседателски избори во 2027 година ќе чини 400 милиони евра во 2026 година и 1,8 милијарди евра годината потоа. Тоа, според премиерот, мора да се компензира со заштеди, а не со поголем дефицит.
Рејтинг агенцијата S&P посочи дека би можела дополнително да ги намали своите рејтинзи за Франција „доколку нејзината буџетска позиција се влоши над нашата прогноза или, пак, значително се вложат изгледите за економски раст“.