Францускиот премиер Себастијен Лекорну во четвртокот ги преживеа двете гласања за недоверба, откако најави суспендирање на контроверзниот закон за пензии за да обезбеди поддршка во Националното собрание.
Првиот предлог, поднесен од крајната левица „Непокорна Франција“, беше одбиен бидејќи го поддржаа само 271 пратеници – што е недоволно, бидејќи се потребни 289. Вториот предлог, на крајната десница „Национален сојуз“, доби 144 гласа.
Разликата во приносот меѓу француските и германските десетгодишни обврзници – клучен показател за ризик – остана речиси непроменета на 78 базични поени, додека минатата недела изнесуваше над 89. Индексот CAC 40 на париската берза благо порасна за 0,8 отсто, надминувајќи ги европските ривали.
Прочитај повеќе

Лекорну доби клучна поддршка од социјалистите пред гласањето за недоверба
Ниту една политичка група нема мнозинство, но социјалистите имаат влијание бидејќи имаат доволно мандати за да бидат клучни во гласањата за недоверба.
15.10.2025

Француската економија добро ја „поднесува“ политичката криза
Француската економија покажува изненадувачка отпорност, соопшти централната банка, и покрај политичката криза што кулминираше со падот на владата, но растечката неизвесност сè повеќе ги загрижува деловните лидери.
10.10.2025

Пад на француските берзи, еврото слабее по оставката на Лекорну
Француските пазари потонаа, а еврото ослабе откако премиерот Себастијан Лекорну поднесе оставка, продлабочувајќи ја политичката криза во земјата. Франција е сè поблиску до нови избори.
06.10.2025

Лагард: Претседателството на Франција е „ужасна работа“ – не е за мене
Кристин Лагард јавно ги отфрли шпекулациите дека по заминувањето од Европската централна банка ќе се кандидира за претседател на Франција, велејќи дека тоа е „ужасна работа“.
06.10.2025

Социјалистичките пратеници, кои имаат клучна улога во парламентот, соопштија дека овојпат ќе ја поддржат владата, откако Лекорну вети суспензија на законот од 2023 година со кој постепено се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Опстанокот на Лекорну ѝ донесе на Франција краток политички здив по кризата што речиси предизвика распишување предвремени избори и ја остави земјата без план за намалување на буџетскиот дефицит. Избегнувањето нов пад на владата, исто така, ги смири инвеститорите и ги намали трошоците за задолжување.
Но суспендирањето на примената на пензискиот закон има политичка цена за претседателот Емануел Макрон, за кого реформата беше симбол на неговата про-бизнис економска политика. Според владините пресметки, таа одлука ќе го чини буџетот 400 милиони евра во 2026 година и 1,8 милијарди евра до 2027 година.
Социјалистите клучни за опстанокот на француската влада
Иднината во однос на пензискиот систем и буџетот останува нејасна, бидејќи Лекорну изјави дека нема да го искористи уставниот член 49.3 – инструмент што му овозможува на премиерот да донесе закон без гласање во парламентот – со што им даде поголема контрола на пратениците врз законодавниот процес. Тоа најавува непредвидлива промена во динамиката на Националното собрание, бидејќи малцинските влади досега се потпираа на овој механизам за да спречат порадикални предлози.
Партиите што се приклучија на гласањето за недоверба го немаат потребно мнозинство од 289 пратенци
Bloomberg
Социјалистите веќе се спротивставуваат на мерките за кратење на расходите, меѓу кои и замрзнувањето на социјалните и пензиските исплати, предупредувајќи дека нивната одлука да не гласаат за недоверба не значи дека му даваат на премиерот „одврзани раце“.
„Ќе видиме што ќе содржи буџетот – не сме дале никакво ветување дека ќе гласаме за него“, изјави Борис Валo, шефот на пратеничката група на социјалистите во Националното собрание.
На денешната седница, пратеникот Лоран Бомел нагласи дека одлуката на социјалистите да не ги поддржат сегашните предлози за недоверба не значи дека ќе постапуваат така и во иднина.
Претседателката на Националното собрание, Јаел Брон-Пиве изјави дека надминувањето на гласањата за недоверба ѝ овозможува на институцијата конечно да се фокусира на преговорите за буџетот.
„Одиме чекор по чекор“, рече таа за француските медиуми. „Сега работиме во дух на компромис, расправа и дијалог.“