Францускиот претседател Емануел Макрон ќе назначи нов премиер во следните денови, откако актуелниот премиер ја изгуби довербата на гласањето во Долниот дом на парламентот.
Премиерот Франсоа Бајру денеска формално ќе му ја поднесе оставката на Макрон. Кој и да биде избран како негов наследник ќе треба да состави влада и да најде начин да протурка буџет во силно поделено Национално собрание – задача што веќе ги урна претходните двајца премиери.
Иако Макрон нема недостиг од потенцијални кандидати што би ја прифатиле функцијата, изборот на личност што може да најде заеднички јазик меѓу групите е далеку од очигледен.
Прочитај повеќе
Падна француската влада
Франција без премиер – уште една политичка криза во срцето на Европа. Инвеститорите се загрижени, а парламентот поделeн како никогаш претходно.
08.09.2025
Што ќе се случи ако француската влада падне?
Француското собрание утре ќе гласа за доверба на премиерот
07.09.2025
Иднината на Франција е на коцка поради високиот јавен долг
Париз има трет највисок јавен долг во Европската Унија, веднаш по Атина и Рим, што би можело да знаци недоверба за актуелниот француски премиер — особено во земја која веќе има највисоко даночно оптоварување во Европа.
06.09.2025
Француската влада во ризик од нов колапс, пазарите под притисок
Гласањето за доверба на премиерот Бајру може да ја урне владата, да ја зголеми финансиската нестабилност и да предизвика нови парламентарни избори.
26.08.2025
Bloomberg
„Од која партија воопшто може да се избере?“, изјави во интервју за „Блумберг ТВ“ Кетрин Клепингер, професорка по француски студии на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“. „Стравувам дека ќе се соочиме со истото.“
Новиот премиер ќе биде петти по ред за помалку од две години – одраз на непомирливите фракции во поделениот политички пејзаж на Франција. Социјалистите веднаш ја понудија својата поддршка по гласањето. „Мислам дека е време левицата повторно да ја води оваа земја и да направи пресврт со политиките што се спроведуваат во изминативе осум години“, изјави лидерот на партијата Оливие Фор за телевизијата ТФ1, мислејќи на периодот на владеење на Макрон.
Во исто време, на „Франс ТВ 2“, министерот за внатрешни работи во заминување Бруно Реталео, кој наедно е и претседател на централно десните републиканци, изјави дека нема да учествува во влада предводена од социјалистички премиер. На истата телевизија, лидерот на крајната левица Жан-Лик Меланшон исто така изјави дека нема да поддржи влада што би ја предводел Фор.
Актуелните превирања доаѓаат една година откако Макрон распиша предвремени избори за да ја консолидира центристичката власт пред растечката крајна десница. Оттогаш, индексот CAC 40 – во кој се вклучени водечки компании како „ЛВМХ Моет Хенеси Луј Витон“ (LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton SE), „Ербас“ (Airbus SE) и „Лореал“ (L’Oreal SA) – забележа пад од 3,3 отсто, во споредба со раст од 5,4 отсто на Stoxx Europe 600 и скок од 25 отсто на германскиот DAX, без вклучени дивиденди.
Bloomberg
Разликата меѓу приносот на француските десетгодишни државни обврзници и германските државни обврзници, клучен показател за ризик, изнесуваше 76 базични поени доцна синоќа, што е намалување од 82 базични поени кон крајот на август, непосредно откако Бајру го распиша гласањето за доверба.
„Без разлика на исходот од актуелната политичка криза, веројатноста за значајна реформа на јавните финансии ќе остане мала“, напиша Мајкл Низард, раководител за мултиактиви и дополнителни стратегии за управување во „Едмонд де Ротшилд“ (Edmond de Rothschild Asset Management), и тоа дотолку што самите финансиски пазари изгледаат помирено и можеби ќе се задоволат со сценарио во кое буџетскиот дефицит нема дополнително да се влоши.
Бајру предложи кратење на расходите и зголемување на даноците во износ од 44 милијарди евра, со што дефицитот на Франција во 2026 година би се намалил на 4,6 отсто од економската продукција, од очекуваните 5,4 отсто годинава. Тој исто така предложи и непопуларна мерка, укинување на два државни празници, како начин за намалување на трошоците во втората по големина економија во Европа.
Според Бајру, Франција има најголем дефицит во еврозоната, а долгот расте за 5.000 евра (5.840 долари) во секунда. Трошокот за сервисирање на обврските, според него, в година ќе достигне 75 милијарди евра.
Франција се мачи да ја поправи штетата од кризата
Долгот продолжува да расте во втората по големина економија во Европа.
Bloomberg
Крајната десница Национално обединување (National Rally) на Марин Ле Пен, како и левицата Непокорена Франција (France Unbowed), повика на нови парламентарни избори – нешто што Макрон изгледа го исклучи со изјавата дека ќе назначи нов премиер. Имаше и повици за оставка на Макрон, но тој цврсто порача дека ќе остане на функцијата до крајот на својот мандат во 2027 година.
„Ако нема распуштање, ние ќе продолжиме на конструктивен, но бескомпромисен начин да ги промовираме идеите што нашите гласачи нè задолжија да ги браниме“, изјави Ле Пен во понеделникот, во говор пред гласањето за доверба. „Но ова одговорно го велам: не очекувајте Националното обединување да ве следи во вашето фискално и миграциско лудило, во вашите ситни идеолошки предрасуди што ве спречуваат да ја согледате реалноста на земјата.“
Bloomberg
Закажаниот штрајк на синдикатите на 18 септември врши притисок врз Макрон да формира нова влада дотогаш. Освен тоа, за 10 септември е најавен помалку централизиран протест.
В петок, „Фич рејтингс“ (Fitch Ratings) треба да го објави своето ажурирано оценување на кредитната способност на Франција.
Францускиот претседател е единствено одговорен за изборот на нов премиер, а Уставот не предвидува рок за одлуката. На Макрон му беа потребни два месеца за да го назначи претходниот премиер, Мишел Барние, кој издржа само 90 дена. По неговото заминување, Макрон потроши повеќе од една недела за да го именува Бајру. Откако ќе биде назначен, премиерот мора да предложи кабинет што треба да биде одобрен од Макрон.