text size
Во сенка на политичките тензии помеѓу Македонија и Бугарија практично незабележливо помина веста за тоа што се случува најново во единствениот нуклеарен енергетски капацитет на нашиот источен сосед, нуклеарната електрична централа „Козлодуј“. Бугарија потпиша договор за техничко-консултантски услуги за инсталирање нови реактори во централата што придонесува со околу една третина во вкупното производство на електрична енергија во земјата. Договорот е потпишан само еден месец откако во централата изби пожар во просторија на безбедносниот систем на петтиот блок, а властите соопштија дека ситуацијата е под контрола и нема опасност за населението и вработените.