Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10 проценти, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност.
Со одлуката малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат. Малопродажната цена на еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за 3,50 денари за литар, малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,157 денари за килограм.
Според одлуката, од полноќ максималната малопродажна цена на бензинот еуросупер БС-95 ќе изнесува 86,5 денари/литар, на бензинот еуросупер БС-98 ќе изнесува 88,5 денари/литар, на еуродизелот ќе изнесува 95,5 денари/литар, на екстра лесното масло за горење ќе изнесува 92 денари/литар, а на мазутот М-1 НС ќе биде 47,610 денари/килограм.
Прочитај повеќе
Дали горивата ќе поевтинат - „Окта“ понуди попуст кој за „Макпетрол“ е недоволен
Од денеска до крајот на овој месец „Окта“, најголемиот снабдувач со деривати во земјава, ќе обезбеди попуст од 2 денари по литар дизел и бензини, за трговците кои набавуваат горива од компанијата.
13.03.2026
Трамп ги одложи нападите врз Иран, нафтата падна за 14 отсто
Американскиот претседател ја одложи воената операција врз иранските електроцентрали.
пред 4 часа
Цените на горивата ќе останат високи подолго време, вели директорот на банката УБС
Банката ја приспособува стратегијата во неизвесното глобално опкружување.
пред 7 часа
Цената на нафтата расте како што отчукува часовникот за ултиматумот на Трамп за Ормуз
Нафтата од типот Брент се искачи над 113 долари за барел, што е раст петти ден по ред, додека Вест Тексас Интермедијет (ВТИ) беше близу 100 долари.
пред 8 часа
Мерки против ценовниот шок - Владата го намалува ДДВ за горивата
Без оваа интервенција во ДДВ, утре Регулаторната комисија за енергетика би донела одлука за зголемување на цената на дизелот од 10,5 денари за литар и тој би се продавал за 102,5 денари по литар. Бензините од 86,5 и 88,5 денари би поскапеле на 93 и 95 денари за литар.
22.03.2026
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.3.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, наведуваат од РКЕ.
Оттаму потенцираат дека доколку останеше на сила ДДВ-то од 18 проценти цената на бензините ќе беше повисока за 6,50 денари за литар, а на дизелот за 10,5 денари за литар, односно максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваа 93 денари за литар еуросупер БС-95, 95 денари за литар еуросупер БС-98, 102 денари за литар еуродизел, 99 денари за литар екстра лесно масло и 51,073 денари за килограм Мазут М-1.
„Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,39 проценти во однос на одлуката од 16.3.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 13,592 проценти, кај дизелот за 16,531 проценти, кај екстра лесното масло за 15,222 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 9,207 проценти“, соопшти РКЕ.
Пред одлуката, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го измени и дополни правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, со кои ќе се овозможи вонредна реакција на промената на цената на нафтените деривати во делот на данокот на додадена вредност.
Оттаму објаснуваат дека во Законот за данокот на додадена вредност е определено во кои случаи се предвидува повластена стапка на додадена вредност, односно е предвидено намалување на стапката на данокот на додадена вредност за одделни нафтени деривати. Од РКЕ информираат дека менувањето на стапката на ДДВ директно влијае и на границата за отстапување на маржата, која служи како параметар за заокружување на највисоките малопродажни цени.
„Заради заокружување на највисоките малопродажни цени трговската маржа може да отстапува во граници од: ±0,212 денари/литар при 18 проценти ДДВ, ±0,227 денари/литар при 10 проценти ДДВ ±0,238 денари/литар при 5 проценти ДДВ ±0,250 денари/литар при 0 проценти ДДВ од утврдената трговска маржа“, соопшти РКЕ
Исто така со измените и дополнувањата на правилникот јасно се дефинира во кои услови Регулаторната комисија за енергетика ќе одржува вонредни седници на кои ќе се носат вонредни одлуки за определување на највиски малопродажни цени на одделни нафтени деривати.
„Ако помеѓу две редовни седници со акт се направат промени на износите на надоместоците или даноците или таксите што се вклучени во пресметката, тогаш на вонредна седница се донесува нова вонредна одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, во која се вклучени новите износи на надоместоците или даноците или таксите, а просечната берзанска цена и средниот курс денар/УСД остануваат исти како и во последната одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт“, пишува во правилникот.
Измените на правилникот следуваа откако Владата реши да го намали ДДВ-то за нафтените деривати од 18 на 10 проценти, а за да се амортизира ефектот од поскапувањето на нафтата на светските берзи што е резултат на војната во Иран.