Македонија

Груби: Хрватски Институт ИГХ е руска компанија, можеше да 'минира'

Автор: Александра Томиќ

21. Септември 2022, 06:27

ЈПДП во јули склучи договор за надзор врз изградбата на државните автопатишта со ИГХ

Во август договорот беше раскинат затоа што ИГХ не обезбеди банкарска гаранција

Груби: Хрватски Институт ИГХ е руска компанија, можеше да 'минира'

Licencirane fotografije/Institut IGH

Александра Томиќ Главен уредник на Bloomberg Adria Makedonija digital

@tomikaleksandra

Хрватскиот Институт ИГХ е фирма во руска сопственост и сите средства кои ги поседува се во руска банка, тврди првиот вицепремиер Артан Груби. Тој во телевизиско гостување изјави дека информацијата ја дознале откако во јули оваа со компанија Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) склучи договор за надзор врз изградбата на државните автопатишта. Првиот вицепремиер алудираше во изјавата дека можеби е добро што договорот со ИГХ подоцна во август беше раскинат затоа што ако останало така ова можело да биде некое сценарио за минирање на изградбата на Коридорот 8 и американската компанија Бехтел и Енка која е изведувач на градежните работи. Инаку ЈПДП го раскина договорот со Институт ИГХ затоа што оваа компанија не успеа да обезбеди банкарска гаранција кон договорот во вредност од 2,6 милиони евра.

„Кога проверивме, излезе дека хрватската компанија е во руска сопственост и во Управниот одбор исто така има Руси кои се поврзани со државата.Сите средства оваа компанија ги имала во руска банка, изјави Артан Груби при гостувањето. 

Договорот за надзор беше склучен на 3 август годинава помеѓу ЈПДП и фирмата носител на групата понудувачи Институтот ИГХ од Загреб. Вкупната вредноста на договорот изнесуваше 22,6 милиони евра, а загребската фирма на тендерот настапи заедно со македонската фирма „Институт за патишта“ со седиште во Велес.

„По конечноста на Одлуката за избор се изготви Договор и се потпиша на 19.7.2022 година, но не беше доставена банкарска гаранција за што беше побарано дополнително време за нејзино доставување. Но, и по добиеното пролонгирање на рокот најповолниот понудувач не го испочитува рокот за достава на банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d кој беше до 5.8.2022 година. Со ова беше прекршена Изјавата за сериозност, а потпишаниот договор нема правно дејство и можност за реализација. Имено, иако Договорот е потпишан од двете страни тој не е стапен на сила од причина што во објавената тендерска документација е наведено дека за оваа постапка е предвидена Банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот од 10 отсто од вкупната вредност на договорот со вклучено ДДВ и во посебните услови на договорот е наведено дека основен услов за ефективност на договорот е доставување на банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот, известија од ЈПДП во август годинава.

Инаку, во првата половина од оваа година, според извештајот испратен до Загребската берза, ИГХ остварила нето загуба од 3,7 милиони куни (над 480 илјади евра), што, за волја на вистината, е значително подобро од нето загубата од 45,3 милиони куни (5,9 милиони евра) забележана во истиот период во 2021 година. На ниво на цела 2021 година, според податоците на Фина, остварена е загуба од 51,07 милиони куни (6,6 милиони евра) со вкупни оперативни приходи од 182,46 милиони куни (23,7 милиони евра).

ИГХ, како компанија која се претставува како водечка проектантска, консултантска и научна институција која се занимава со истражување и развој во градежништвото, освен во Хрватска, е присутна, како што наведува на нивната веб-страница, на 12 пазари, меѓу кои се Италија, Словенија, Босна. и Херцеговина, Србија, Црна Гора Гору, Косово, Македонија, Албанија, Бугарија, Романија, Украина и Грузија.
 

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 2 часа

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија