Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард денеска беше домаќин на шефот на американските Федерални резерви Џером Пауел и гувернерите на централните банки на В. Британија, Јапонија и Ј. Кореа на панел дискусијата на централните банкари во рамки на форумот во Синтра, Португалија. Тие дискутираа за монетарните политики во услови на изразена глобална гео-политичка и економска несигурност. Овогодишната дискусија се проследува со особено внимание, со оглед дека многу држави се борат да ја стават инфлацијата под контрола и да продуцираат економски раст во вакви турбулентно окружување.
Лагард објави дека јунската инфлација во еврозоната се смирила на два проценти, и тоа всушност е и таргетот на ЕЦБ.
„За понатаму, постојат два вида на ризици – од сѐ поголемата фрагментација на светската и загрижувачкиот геополитички развој на настаните“, истакна Лагард.
Прочитај повеќе

Мнозинството во Фед се противи на намалување на каматите во јули
Креаторите на политиките чекаат повеќе информации за да ги намалат каматите
27.06.2025

Доларот ослабе поради гласините за смена на Пауел
Индексот на доларот на „Блумберг“ падна на најниско ниво во последниве три години, откако „Волстрит журнал“ објави дека Трамп би можел да посочи замена за Пауел веќе во септември или октомври.
26.06.2025

Пауел: Укинувањето на каматата што Фед ја исплаќа на банките нема да заштеди пари
Постои илузија дека тоа би заштедило пари, но тоа не е точно, вели Пауел
26.06.2025

Лагард: Време е за глобално евро, потребна е решителност
За да ја искористиме оваа можност мораме да делуваме одлучно како обединета Европа
17.06.2025

Лагард: Насилничкото однесување во трговијата нема да функционира на долг рок
Претседателката на ЕЦБ смета дека актуелните трговски политики не се одржливи
11.06.2025
Таа ја повтори својата мантра: ЕЦБ се потпира исклучиво на квалитетни податоци, и одлучува околу каматите од состанок до состанок, а не според некоја претходно одредена патека за каматните стапки, така што не би давала некои индиции околу следните чекори. ЕЦБ ги намалуваше каматните стапки осум пати оваа година и Лагард рече дека “се приближуваат кон крајот на циклусот на кратење на стапките“.
ФЕД продолжува со внимателниот пристап за каматите
Пауел од ФЕД додаде дека и тој исто така е комотен со позицијата во која што е американската централна банка во моментов. „Американската економија е во доста добра состојба, инфлацијата се спушти близу до два отсто. Генерално, сме здрави“
Тој потсети уште еднаш дека ефектите од царинската политика на Трамп сѐ уште не се појавиле преку инфлацијата и дека тој и тимот во ФЕД очекуваат тоа да се случи летово. „Сметаме дека одговорно нешто сега е да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите“.
Пауел рече дека мнозинството од 19-те членови на Бордот на ФЕД очекуваат дека е прикладно каматите да се намалат подоцна годинава. Тоа ќе зависи од податоците што допрва ќе пристигаат, коишто ФЕД ги анализираат внимателно.
Bloomberg
Прашан околу тоа дали намалување на стапката се очекува веќе на јулскиот состанок на бордот, тој не одговори одредено. “Ниту еден состанок не би го исклучил, или земал предвид сега“, одговори. Интересно, како што коментираат аналитичарите, што Пауел не ја исклучува сосема можноста за јулско кратење на стапките. Од една страна, тоа не е ни премногу изненадувачки со оглед дека ФЕД рекоа оти тоа сосема зависи од економските податоци, но од друга страна е малку чудно затоа што повеќето нивни претставници сигнализираа дека јули е веројатно премногу рано за тој потег.
Што ги движи инфлациите во В. Британија и Јапонија?
Гувернерот на Банката на Англија, централната банка на Обединетото кралство, Ендрју Бејли го повтори својот став дека секундарните ефекти се малку веројатни во неговата земја. Повеќето од растот на индексите на потрошувачките цени доаѓа од административните цени, а пазарот на работна сила се опушта, објасни тој. „Сметам дека каматните стапки и понатаму ќе одат надолу“.
На другата страна на светот, во Јапонија, гувернерот на тамошната централна банка Казуо Уеда рече дека инфлацијата е водена од три клучни фактори: движењето на платите, очекуваните негативни ефекти од трговските царини и домашниот шок во снабдувањето со храна. Земајќи ги предвид овие фактори, тој очекува инфлацијата да се намали кон два проценти следната година или во следните две години.
Односот евро - долар
Што се однесува на односот евро – долар, Лагард рече дека нема да коментира за девизниот курс на еврото, кој значително се зголеми во однос на доларот. „Тој ги одразува пазарните услови и состојбата на нашата економија, а може да се должи и на слабоста на доларот и на силата на еврото“, додаде таа.
Според Лагард, 2025 би можела да биде пресвртна година за глобалниот статус на доларот.
Bloomberg
Рии Чанг-јонг, гувернер на Корејската централна банка, вели дека многу се зборува за тоа, дека многу луѓе зборуваат за тоа, „но тие сè уште ги чуваат средствата во долари, а воедно го зголемуваат коефициентот на обезбедување“.
Неговиот јапонски колега Уеда додаде дека сè зависи од тоа што Кина и Европа ќе направат за да ја подобрат ефикасноста и практичноста на нивните валути.
Аплаузи за Пауел
На панелот, исто така се спомна новиот пакет фискални закони во САД за кои се очекува значително да го зголемат дефицитот. Додека другите не коментираа за американските јавни финансии, Пауел рече дека и тој не сака многу да коментира за ова, но дека американскиот пат не е одржлив, и порано или подоцна ќе мора да се реши таа ситуација. Инаку, тој доби аплауз од присутните поради неговото спротивставување на упорните барања за кратење на каматите, од страна на Трамп, и издржувањето на политичкиот притисок што го трпи од американскиот претседател.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...