Од ноќеска на полноќ стапуваат во сила нови, пониски цени на нафтените деривати, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на бензините и дизелот за 1,5 денар по литар во однос на минатонеделниот ценовник.
Според новата пресметка, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 80,50 денари за литар, додека цената на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 82,50 денари. Новата малопродажна цена на Еуродизелот ќе биде 94 денари за литар.
За разлика од горивата за возилата, екстралесното масло за домаќинство поскапува за 0,5 денари, па од полноќ ќе чини 97 денари за литар.
Прочитај повеќе
Колку „боли“ цената на дизелот во Македонија?
Цената на дизел горивото за помалку од месец и половина порасна од 71 денари на литар на 98 денари, што е значително поскапување.
07.04.2026
Од полноќ дизелот поскапува на 98 денари, а еуросуперот БС-95 поевтинува на 83,5 денари
Од РКЕ објаснија дека во формирањето на новите цени влијание имале одлуките на Владата за намалување на акцизите и за повластената даночна стапка за одредени енергенти.
06.04.2026
На вонредна владина седница ќе се намалат акцизите за горивата
За утре (недела) е закажана седница на Владата за донесување на мерки за заштита од поскапувањето на горивата.
04.04.2026
Дизелот во Европа надмина 200 долари за барел
Фјучерсите се тргуваа до 1.498 долари за тон растејќи во Лондон за дури 9,7 проценти.
02.04.2026
„Макпетрол“ ќе продава горива по цени пониски од максималните објавени од РКЕ
Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика.
24.03.2026
Надолу оди и цената на мазутот, која се намалува за 2,939 денари по килограм. Така, новата цена ќе изнесува 46,288 денари за килограм.
Дополнително олеснување за возачите носи и попустот што го применува „ОКТА“, а кој останува во важност до 30 април. Попустот се однесува на продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци.
Со таа мерка, дизелот практично би се движел околу 91 денар за литар, додека бензините од 95 и 98 октани би чинеле меѓу 78,50 и 80,50 денари за литар.