text size
Летниот одмор повеќе не се сведува само на седум или десет дена на море. Сè повеќе луѓе годишниот одмор го делат на неколку пократки патувања. Неколку дена во јуни, кога се користат последните денови од стариот одмор, потоа следуваат викенд-бегства во јули и август, па уште еден подолг одмор кон крајот на летото или во септември. Променетите навики при патувањето создаваат нови можности за сопствениците на приватни сместувања, а се избираат и поинакви дестинации, најчесто на домашен терен. Глобалниот пазар расте со двоцифрени стапки, Македонија бележи сè поголема понуда и интерес за рурални дестинации, додека Европа покажува дека патниците сè почесто избираат поблиски, пократки патувања со уникатни доживувања.