text size
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди на влошување на изгледите за глобалната економија, а клучна причина за тоа е високата инфлација, штетите од војната во Украина и забавувањето на економската активност во Кина. Фондот вчера ја намали прогнозата за глобалниот раст следната година на 2,7 отсто, од 2,9 отсто во јули и 3,8 отсто во јануари, додавајќи дека има 25 отсто шанси растот да забави на помалку од два отсто.